Контакт

Региони

Велес доби нов фудбалски терен

Објавено пред

Нова дренажа ,вештачка трева со три ѕвезди, модерна подлога според европски стандарди. Тоа е теренот на градскиот стадион во Велес, кој во четвртокот беше свечено пуштен во употреба, јави „Лисица“.

 

 

Првиот удар го имаше премиерот  Никола Груевски од пенал точката. Според зборовите на надлежните ова е најубавиот фудбалски терен во државата. Подобар нема никаде.

 

„Стандардите на овој фудбалски терен се да може да се играат натпревари до полуфинале на лига на шампиони и во моментот не постои поквалитетен терен за играње фудбал во Република Македонија„ рече Никола Груевски.

 

Теренот на градскиот стадион во Велес се изгради помош на Фудбалската федерацијана Македонија преку грант од УЕФА. Надлежните се надеваат дека ќе биде добра база за развој на таленти.

 

„Сето она што се прави во европските фудбалски центри мора да се прави и овде. Ова е голем чекор да направиме куќа со вистински темели. На европски и светски првенства се доаѓа преку добро поставена база ова е дел од тој план“, рече Илчо Ѓорѓиевски претседател на ФФМ.

 

Пред половина година стадионот со одлука на владата го доби општина Велес ,а од пред една недела со него стопанисува Јавното претпријатие „Парк Спорт“.

 

„Можеби е коинциденција ,а можеби е добар знак што предавањето на теренот се случува во време на светското првенство кога на сите во центарот на вниманието им е фудбалот„ рече Славчо Чадиев.

 

На градскиот стадион има уште многу работа за тој да стане објект каков што се посакува. Во таа насока е и апелот на премиерот до градоначалникот.

 

„Господине градоначалник добивте терен со највисок квалитет ,претпоставувам дека сега на ред се трибините. Не оди ваков терен со вакви трибини нели“ порача премиерот Груевски. /крај/лв/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Се одржа првиот меѓувладин состанок на Комитетот за управување со сливот на Охридското езеро

Објавено пред

Во Охрид се одржа првиот меѓувладин состанок на Комитетот за управување со сливот на Охридското езеро, согласно договорот меѓу Владата и Советот на министри на Република Албанија, потпишан 2004 година.

Состанокот го отвори градоначалникот на град Охрид, Костантин Ѓеоѓиевски а поздравни говори имаа и министерот и претседател на Националната комисија за УНЕСКО – Едмонд Адеми и претставниците од Албанија. За време на пленарниот состанок за претседавач на Комитетот беше избран Костантин Ѓеорѓиевски,а за секретар градоначалникот на општина Поградец,Илир Џаколи.

Во продолжение беше усвоен деловникот за работа на Комитетот и се дискутираше за посетата на Реактивната мисија на УНЕСКО во Северна Македонија и Албанија, која треба да се оствари на крајот од овој месец.Воедно, беше одлучено наредниот состанок да се реализира во текот на месец јуни 2020 год.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во Маврово 13, во Крушево 9 сантиметри снег

Објавено пред

Висината на снежната покривка во Маврови Анови изутринава изнесува 13 сантиметри, додека во Крушево има девет сантиметри снег. На Попова Шапка има седум сантиметри снег.

Утринава најладно е во Берово -8, -7 во Крива Паланка,-4 во Тетово, Маврови Анови,-3 во Прилеп, Претор и -2 во Скопје-Зајчев Рид, Лазарополе, Битола, Штип, Дебар и Куманово.

Прикажи повеќе...

Македонија

Локалитетот Длабока Река во Маврово ќе биде номиниран за прелиминарната листа на УНЕСКО

Објавено пред

Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата во врска со постапката за номинирање на локалитетот Длабока Река во Националниот парк Маврово на прелиминарната листа на УНЕСКО.

Локалитетот Длабока Река како дел од Националниот парк Маврово, поседува исклучителни природни вредности преставени преку голема биолошка и пределска разновидност. Една од основните карактеристики на овој локалитет е старата (девствена) букова шума (Fagus sylvatica) која се развива во долината на Длабока Река на планинскиот масив Кораб, со речиси никаква интервенција на човекот во последните 100 години.

Локалитетот Длабока Река се одликува со голема биолошка разновидност со присуство на бројни ендемични растителни и животински видови, кој се наоѓа во зоната за строга заштита на Националниот парк Маврово и во него се дозволени само научно-истражувачки активности.

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

Емил Јакимовски кој им се закануваше на две новинарки доби осумдневен притвор

Судија на претходна постапка попладневно му одреди осумдневен притвор на Емил Јакимовски, поранешен вработен во Централниот регистар. „Осумдневниот притвор му...

Македонија12 часа

Дежурни инспекциски екипи утврдуваат зошто е црвена водата на реката Серава

Министерството за животна средина информира дека екипи излегле на терен за да спроведат вонреден инспекциски надзор по течението на реката...

Македонија14 часа

Заев: Остануваме отворени за соработка на изборите со сите, освен со ВМРО-ДПМНЕ

Во однос на прашањето за евентуални изборни коалиции, претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска истакна дека СДСМ е политички субјект...

Свет15 часа

(Видео) Макрон евакуиран од театарот во Париз, демонстранти се обидоа да влезат во зградата

Француските безбедносни сили го евакуираа претседателот на земјата, Емануел Макрон од театарот Ле Буфе ду Норд во Париз поради напад...

Топ15 часа

Разбојниците по кражбата во НЛБ банка го запалиле возилото

Три вооружени лица најверојатно го извршиле грабежот во еокспозитурата на НЛБ банка во Ѓорче Петров.Тие го извршиле грабежот со „опел...

Економија16 часа

(Видео) Aнгеловска: Буџетот е во добра кондиција, платите и пензиите ќе бидат исплатени навреме

„Буџетот е во добра кондиција, финансиите се стабилни. Минатата година имавме добра динамика на наплата со реализација на проекцијата за...

Свет17 часа

Седум планинари исчезнаа во лавина во Непал

Најмалку четворица јужнокорејци и тројца непалски водичи исчезнаа во лавина на популарната патека за планинарење во Непал, соопштија властите.         ...

Култура18 часа

Џејми Ли Кертис за „Медена земја“ твитна: Колку совршен филм, воодушевена сум

Македонскиот документарец номиниран за два оскари, „Медена земја“ ги освои симпатиите и на познатите холивудски актерски имиња. What a perfect...

Економија19 часа

Луксембург – земја со најголема минимална плата во ЕУ

Минималната месечна плата во Луксембург се зголеми на 1 јануари и сега изнесува 2,14 илјади евра. Дури и пред ова...

Економија20 часа

Комората на сметководители препорачува: Канцерогените фискални ленти итно да се забранат како во ЕУ

Од 1 јануари годинава во Европската Унија, стапи на сила забраната за употреба на штетната хемиска материја Бисфенол А или...

Свет20 часа

Помпео под притисок да се појави на јавно сослушување за убиството на Сулејмани

Одборот за надворешни работи на Претставничкиот дом на Конгресот на САД испрати обврзувачки повик до државниот секретар Мајк Помпео за...

Спорт20 часа

Михајловиќ: Имав напади на паника во болница, сакав да побегнам низ прозорец!

Екс-српскиот фудбалер, а сега актуелен тренер на калчолигашот Болоња, Синиша Михајловиќ за тв емисијата „Verisimo” раскажа досега непознати детали од...

Свет20 часа

Сменет бразилски министер кој во говор го цитираше Гебелс

Бразилскиот министер за култура е сменет од позицијата, откако што цитираше делови од говор на нацистичкиот шеф на пропаганда Јозеф...

Свет1 ден

Граѓаните од ЕУ нема автоматски да бидат депортирани по брегзитот

Велика Британија нема автоматски да ги депортира граѓаните од Европската Унија кои не побарале да останат во земјата по брегзитот,...

Европа1 ден

Музејот „Лувр“ во Париз затворен поради протести

Музејот „Лувр“ во Париз денеска беше затворен кога десетици демонстранти го блокираа влезот протестирајќи против намерата на француската влада да...

Македонија2 дена

(Видео) Петровска: Погубно за Министерството и граѓаните ќе биде МВР да се претвори во партија

Впечатокот дека се случува хаос во Министерството за внатрешни работи е резултат на избрзаните телеграми од министерот Чулев, вели неговата...

Европа2 дена

Папата за првпат назначи жена на висока позиција во Ватикан

За првпат една жена ќе има висока позиција во Ватикан, бидејќи папата Франциско, поглавар на Римокатоличката црква, ја назначи Франческа...

Свет2 дена

Еден милион морски птици умреле над Тихиот Океан

Дури еден милион морски птици умреле над Пацификот за помалку од 12 месеци, а експертите велат дека е виновна топлата...

Регион2 дена

Грција идната недела ќе добие нов претседател

Грчката влада достави предлог до парламентот за избор на нов претседател на републиката, што ќе се одржи на 22 јануари,...

Топ2 дена

Две деца повредени кога „бе-ем-ве“ излетало на патот Велес – Извор

Вчера во 16:00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Велес – Извор, по крстосницата за селото Г.Оризари, патничко возило...

Досие