Контакт

Региони

Велес одбележа 201 година од раѓањето на неимарот Андреја Дамјанов

Објавено пред

Во Велес во петокот беа одбележани 201 години од раѓањето на најпознатиот македонски градител Андреја Дамјанов, а чествувањето што го организираа Општина Велес, се одржа во соборниот храм „Свеви Великомаченик  Пантелејмон“ кој е едно од најпознатите дела на еден од најголемите градители на балканските простори.

dobivaj vesti na viber

На вечното почивалиште свежо цвеќе положија делегации на локалната самоуправа, институции, здруженија на граѓани и други почитувачи на ликот и делото на Андреја Дамјанов, додека свештенството од Македонската православна црква – Епархија Повардарска одржна панихида за покој на душата на градителот.

Андреја Дамјанов е роден во 1813 година во село Папрадиште, велешко, во семејство на познати мијачки градители. Со своите браќа, мајсторот Андреја градел цркви во Македонија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина и други земји на Балканот.

Неговата градителска умешност била забележана и во Европа, особено од патеписците кои Андреја го споменуваат како вреден и ценет мајстор и градител – уметник Неговите цркви се сметаат за бисери на сакралната архитектура на Балканот. При изградбата на црквите Дамјанов особено внимавал на акустиката во ентериерот на црквата. Црквата посветена на Св. Пантејелмон, светецот заштитник на Велес се одликува со токму таква акустика што светот ја препознава по изразот „Македонска миланска скала“. Покрај овој монумент Дамјанов ги изградил и црквата во манастирот “Св. Јоким Осоговски“ кај Крива Паланка,  црквите „Св. Богородица“ во Ново Село, штипско и „Св. Архангел Михаил“ во Чичево. Во Србија ги изградил црквите „Св. Илија“ во Печењевац, „Св. Ѓорги“ во Смедерево, соборната црква во Ниш како и соборната црква во Сарaево и ја завршил градбата на црквата во Мостар. /крај/мф/мм

Извор: Макфакс

Региони

Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево

Објавено пред

Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.

dobivaj vesti na viber

Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.

„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни

Објавено пред

На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.

„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.

dobivaj vesti na viber

Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

dobivaj vesti na viber

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Евакуација во Психијатриската болница Бардовци, пожарот го зафати дворот

Попладнево избувна пожар во населбата Геге кој се прошири кон населбата Бардовци и зафати дел од површината на дворот на...

Македонија8 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги објави имињата на уште шест кандидати за градоначалници

Покрај кандидатурата на Орце Ѓоргиевски за градоначалник на Скопје, Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за уште шестмина кандидати кои...

Македонија9 часа

Мицкоски: Нема да има данок за немажени и неженети – целта беше отворање јавна дебата

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема да има данок за немажени и неженети, појаснувајќи дека изјавата имала за цел да...

Македонија11 часа

Орце Ѓорѓиевски е кандидат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука актуелниот градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, да биде кандидат за градоначалник на Градот...

Македонија13 часа

(Видео) Пожарите ќе се гаснат со пренаменети армиски и полициски возила кои 8 години биле запуштени, рече Мицкоски

Полициски и армиски возила коишто повеќе од осум години биле целосно запуштени, се пренаменети за да ги гаснат шумските пожари....

Македонија14 часа

(Видео) Ангелов: Ова лето гранката нема да ми биде потребна – добивме 43 специјализирани возила за гаснење пожари

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, истакна дека ова лето државата е подготвена да се справи со...

Забава14 часа

Македонецот Никола Станишиќ победник на „Ѕвездите на Гранд“, во финалето ја запеа „Ако утре ме нема“ од ДНК и им ја посвети на жртвите од „Пулс“

Македонецот Никола Станишиќ е победник на регионалното музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, освојувајќи ја титулата со најмногу гласови од публиката...

Свет17 часа

Илон Маск: Основав нова партија

Илон Маск најави основање на нова политичка партија во САД под името „Американска партија“, еден ден откако на социјалната мрежа...

Свет17 часа

„Најдобриот разговор досега“ – Зеленски по телефонскиот повик со Трамп за системите „Патриот“ и одбраната на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го опиша својот телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп како најдобар во целиот овој период,...

Македонија1 ден

ЦУК: Пожарот во Самоков веднаш изгаснат, објектите на фабриката не беа во опасност

Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат. Во ниту еден момент немаше опасност од негово ширење кон објектите на...

Топ1 ден

Претставувајќи се како божји човек кој крши магии, скопјанец дошол до 400.000 евра од сопружници, барале помош за синот

Педесетчетиригодишен маж од селото Трубарево, скопско, е приведен поради сомнеж за измама, со што се стекнал со противправна имотна корист...

Македонија2 дена

(Видео) Со див приклучок на водоводната мрежа полевал илјадници метри земјиште – Град Скопје поднесе кривична

Град Скопје информира дека денеска е откриен нов див приклучок на мрежата за питка вода на подрачјето на општина Сарај,...

Македонија2 дена

„Ова не е буцни прачка, пиј вино“ – Тошковски уверува дека се постапува за дивоградбите во Чаир

Министерството за внатрешни работи постапува по наредба од јавен обвинител во врска со случаите на дивоградби на подрачјето на скопската...

Топ2 дена

Куќен притвор за возачот што го усмрти Југослав на кеј, претходно бил осудуван за насилство и непочитување на ковид мерки

Судот му определи куќен притвор на 25-годишниот скопјанец кој со мотор без дозвола го усмрти Југослав Николовски (68) на пешачка...

Топ2 дена

17-годишник загина во сообраќајка во Кичево – возел мотор и се судрил со „ауди“

Несреќа со смртни последици се случи вчера во Кичево, пришто животот го загуби 17-годишно момче од овој град, кое управувало...

Свет2 дена

Трамп го потпиша својот „голем, прекрасен“ закон: „Никогаш не сум видел толку среќни луѓе“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера во Белата куќа потпиша голем пакет даночни олеснувања и намалувања на јавните трошоци, на...

Македонија2 дена

Пеколни горештини во Македонија, температурата денес ќе достигне 41 степен

Македонија е под топлотен бран. Според метеоролозите, времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална...

Македонија2 дена

Маргини: Луѓето не заминуваат оти се откажале од формирање семејства, туку зашто државата се откажала од нив

Коалицијата Маргини ја осудува изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека „време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе...

Спорт2 дена

Тенис на Вимблдон или трки на коњи во Аскот

Танталови маки за англиската аристократија Од специјалниот известувач од Вимблдон Во Велика Британија временските прилики се најчесто неприлики доколку планирате...

Македонија2 дена

Османи: Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за популистичка егзибиција, време е да се престане со националистичко родео

Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција. Со тоа тие ја...