Контакт

Региони

Во Битола Марш за живот – протест за чист воздух

Објавено пред

Незадоволни, од како што велат, игнорантскиот однос на локалната самоуправа за решавање на проблемот со загадувањето на воздухот во Битола, здружението „За нас се работи“ за во сабота 13-ти декември го најавија нивниот втор протестен марш под мотото „Марш за животот“.
 

dobivaj vesti na viber

Незадоволни, од како што велат, игнорантскиот однос на локалната самоуправа за решавање на проблемот со загадувањето на воздухот во Битола, здружението „За нас се работи“ за во сабота 13-ти декември го најавија нивниот втор протестен марш под мотото „Марш за животот“.

 

„Многу сме револтирани од тоа што ниедно наше барање од општината не е прифатено и топката се префрла од една кон друга институција. Нашите барања беа пуштање во функција на мерната станица, една во централното градско подрачје, изработка на регистар на аерозагадувачи, нивно детектирање и санкционирање, како и доведување на загаденоста на воздухот во границите на нормалата“, изјави Иван Јерчиќ од битолското здружение „За нас се работи“.

Маршот ќе започне во 11.30 часот во сабота пред споменикот на Стив Наумов, ќе продолжи низ Широк сокак, па пред зградата на Општина Битола.

„Ќе ги кажеме уште еднаш пред зградата на Општината нашите барања и ќе побараме средба со градоначалникот на којашто се надеваме дека ќе добиеме конкретни одговори“, додаде Јерчиќ

Ги повика сите граѓани да ги поддржат во нивниот протестен марш. „Ги повикуваме сите граѓани, пензионери, студенти, а и оние коишто се припадници на некоја политичка партија, да ни се приклучат на протесниот марш кој не е политички обоен и да нé поддржат во нашите барања, бидејќи ’За нас се работи’“, порача Јерчиќ.

Воедно од Здружението во знак на солидарност ги поддржуваат и студентите за утрешниот протестен марш против екстерното тестирање .

Доколку во сабота не бидат примени од градоначалникот на Битола, од здружението велат дека од понеделник секој ден ќе одат пред општинската зграда, сé додека не остварат средба и добијат ветувања за конкретни мерки за нивните барања, а тоа е елиминирање на загадувањето во Битола./крај/мф/вш

Извор: Макфакс

Региони

Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево

Објавено пред

Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.

dobivaj vesti na viber

Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.

„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни

Објавено пред

На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.

„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.

dobivaj vesti na viber

Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

dobivaj vesti na viber

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Русија и Украина почнаа мировни преговори во Истанбул – Кремљ: Ќе бидат тешки

Русија и Украина денеска ја почнаа третата рунда директни мировни преговори во Истанбул, јавува руската новинска агенција ТАСС. Делегациите на...

Македонија2 часа

(Видео) Акција во мотел во Тетово: Приведено лице за проституција, повреден е полицаец

Полициски службеници од СВР Тетово спречија трагичен крај на млада девојка и истовремено приведеа маж под сомнение за посредување во...

Македонија3 часа

Ангелов ги замоли газдите на викендички да се заштитат од пожари: Со мотокултиватор или трактор нека изораат мек појас околу дворовите

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, апелира сопствениците на викендички и куќи надвор од градските средини да...

Македонија4 часа

Околу 500 невработени се пријавиле да гаснат пожари за 24.000 денари месечно, огласот истекува денес

Денес истекува огласот за владината мерка за справување со пожарите на кој се бараат 400 невработени за помош при гаснењето...

Македонија4 часа

Грција ја повтори поддршката за ЕУ интеграцијата, со порака за почитување на Преспанскиот договор

Поддршката од Грција за европскиот пат на Северна Македонија останува силна, но придружена со порака за целосна имплементација на Преспанскиот...

Македонија6 часа

Гаши имал интестинална опструкција на тенкото црево, неговата состојба е стабилна, соопшти МЗ

Министерството за здравство информира дека претседателот на Собранието, Африм Гаши е во стабилна здравствена состојба. Тој околу полноќ бил хоспитализиран...

Македонија8 часа

(Видео) Талески: Одбиени сите амандмани на СДСМ, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ заложници на Тошковски

На денешната седница на собраниската комисија, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги одбија сите амандмани поднесени од страна на СДСМ на измените...

Македонија8 часа

Претседателот на Советот за надзор на ревизијата од државни пари плаќал хотели, ресторани и патувања во странство

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинителен предлог против едно лице, на кое му се става...

Топ9 часа

Уапсен 71-годишен маж, предизвикал два пожара во Демиркаписко

Полицијата уапси 71-годишен маж кој предизвикал пожари во Демиркаписко. Според информациите на МВР, вчера во 18 часот полициски службеници го...

Македонија11 часа

„Компании за техника наводно нудат модерни телефони преку внатрешна програма поради оштетена амбалажа, ова е лажна објава“, МВР предупредува за измама на социјалните мрежи

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека во последните денови актуелна е лажна објава на социјалните мрежи во која...

Македонија13 часа

(Фото) Пронајдени автомобилски гуми, картон и суви гранки подготвени за палење: спречен уште еден обид за подметнување шумски пожар

Вчера попладне под Царев Врв на Осоговските Планини, на 2000 метри надморска височина, во месноста наречена Алтн врв, место на...

Европа15 часа

Рускиот парламент усвои закон со кој се казнуваат корисниците за пребарувања на интернет

Русија сè повеќе го ограничува слободниот пристап до интернет, а медиумскиот регулатор „Роскомнадзор“ неодамна го блокира пристапот до 56.000 веб-страници,...

Свет15 часа

Трамп го објави трговскиот договор со Јапонија: ќе инвестира 550 милијарди долари

Американскиот претседател Доналд Трамп објави постигнување трговски договор со Јапонија, според кој, според него, Јапонија ќе инвестира 550 милијарди долари...

Европа15 часа

(Видео) Француски воен авион се урна во Украина, објавена снимка

Украинските воздухопловни сили во вторникот објавија дека француски борбен авион Мираж-2000 се урна во регионот Волин, објави Анадолија. „Вечерта на...

Свет16 часа

Трамп се сретна со Безос во Белата куќа, разговараа повеќе од еден час

Американскиот претседател Доналд Трамп се сретна со основачот на Амазон, Џеф Безос, во Белата куќа минатата недела, дознава Си-ен-би-си. Средбата...

Македонија16 часа

Метеж на границите: се чека до 40 минути на Табановце за влез и на Богородица за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Денеска, во временски период од 08:00 – 17:00 часот поради обезбедување...

Македонија1 ден

Работа од далечина, ослободување за ранливите категории на граѓани: власта со препораки за работодавачите поради топлотниот бран

Министерството за здравство информира дека согласно најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), топлотниот бран со температури над 40°C...

Македонија1 ден

13 обвинети признаа вина за случајот со измамите со инвалидските пензии и туѓата нега – пресудена затворска казна

Тринаесет обвинети во предметот „Синдром“ склучија спогодби со Обвинителството и врз основа на тоа Основниот кривичен суд Скопје изрече пресуди, при...

Економија1 ден

Линеарното покачување на пензиите од 1.000 денари ќе стигне во Собранието пред да се распишат изборите, вели Мицкоски

Владата, на денешната седница, ќе го разгледа предлог-законот со кој пензиите, место процентуално, наесен и следната пролет ќе се покачат...

Топ1 ден

Македонец почина на плажа во Драч

Турист од Македонија почина вчера на плажа во Драч, Албанија. Инцидентот се случил вчера околу 19 часот во близина на...