Региони
Во сабота се спроведува проектот Македонија без отпад – 2015
Министерството за животна средина и просторно планирање и Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија“, оваа година продолжуваат да го спроведуваат проектот „Македонија без отпад 2015“.
Министерството за животна средина и просторно планирање и Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија“, оваа година продолжуваат да го спроведуваат проектот „Македонија без отпад 2015“.
Во сабота, во рамките на проектот „Македонија без отпад“ на целата територија на Македонија ќе се одржи националната акција за чистење на околината од отпадот кој се наоѓа на несоодветни места . Целта на проектот е граѓаните и сите засегнати групи, организирано и што по масовно да се вклучат да ја исчистат својата околината од отпадот што се наоѓа насекаде.Централниот настан на територијата на Град Скопје ќе се реализира кај Европската очна болница во општина Ѓорче Петров, на крајот на ул.„ Христо Батанџиев“ (поранешна Социјалистичка Зора). Воедно, ќе се чисти и трим патеката во должина од 2км. Настанот ќе започне во 11 часот.Проектот ќе се спроведува со поддршка и со учество на државните институции, локалната самоуправа, јавните и комуналните претпријатија, невладините организации, здруженија на граѓани и месното население. За подетални информации за самата акција заинтересираните можат да се информираат на веб -страница www. ajdemakedonija.mk или на својата општинска веб- страница.
Заради подршка на институциите за справување со неовластено исфрлање и складирање на отпадот, граѓаните доколку забележат ваква активност во својата околина, можат да се обратат на бесплатниот телефонски број на Центарот за управување со кризи – 195.
Сите учесници во акцијата својата активност можат да ја регистрираат на веб -страната www. ajdemakedonija.mk/крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Региони
Поради магла и загаден воздух откажани летовите на аеродромот во Сараево
Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.
Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.
„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.
Македонија
(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни
На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.
„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.
Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.
Македонија
Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман
При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.
„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.
Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.
Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.