Контакт

Региони

Запленети 117 литри алкохол и 23 кутии цигари без бандероли

Објавено пред

Во 13 објекти е откриена незаконска продажба на алкохолни пијалоци и цигари, во акцијата за откривање на нерегуларна продажба на акцизна стока, што ја извршија заеднички тимови на Царинската управа и Управата за јавни приходи во периодот од 27 – 30 јули во Велес, Куманово, Охрид, Ресен, Струга, Битола и Прилеп.

dobivaj vesti na viber

Притоа привремено се задржани околу 117 литри жестоки алкохолни пијалоци без или со странски бандероли за кои не е платена акциза и за кои не постојат документи за потекло и за здравствена исправност. Од нив 69 литри се домашна ракија, а остатокот се различни видиви жестоки алкохолни пијалоци (виски, узо, ракија, ликери и.т.н.).Во една продавница во Струга, во бункер во подот под пултот за продажба, откриени се и 23 кутии цигари Marlboro и Prestige без и со странски бандероли.Овие контроли се спроведуваат со цел да се обезбедат основните принципи за фер конкурентност, правилна наплата на буџетски приходи, но пред сé да се заштити здравјето на луѓето. Како резултат на сите мерки поврзани со акцизите, што ги презема Царинската управа во континуитет, но и зајакнатите контроли на употребата на акцизните маркички, во периодот јануари-јули 2015 наплатени се приближно 15% повеќе акциза за тутун и тутунски производи отколку во истиот период во 2014 година.Акциите за откривање нелегална продажба на акцизна стока ќе продолжат и понатаму./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Региони

Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево

Објавено пред

Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.

dobivaj vesti na viber

Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.

„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни

Објавено пред

На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.

„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.

dobivaj vesti na viber

Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

dobivaj vesti na viber

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

Владата именува повереници за општините Маврово Ростуше, Гостивар, Центар Жупа и Врапчиште

Владата на денешната седница именува повереници за општините Маврово Ростуше, Гостивар, Центар Жупа и Врапчиште во кои што на локалните...

Свет12 часа

Украина се согласи на мировен договор со Русија, тврдат САД

Украина се согласи на договор за прекин на војната со Русија, при што остануваат само мали детали, изјави американски функционер...

Македонија13 часа

Уапсени директори и заменик министер за земјоделство: излажале дека недостасуваат пченица и јачмен вредни 780.000 евра

Полицијата денеска уапси пет лица осомничени за злоупотреба на стоковите резерви, излажале дека недостасуваат пченица и јачмен вредни 780.000 евра....

Македонија14 часа

Откажано утрешното рочиште за „Пулс“: Недостасуваат адреси од оштетени и нивни застапници

Утрешното судење за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица и околу 200 се повредени, е...

Македонија14 часа

Не е работа на бранителот да биде судска достава, забележаа адвокатите и побараа судот да им го достави интегрираното обвинение и на обвинетите за „Пулс“

Место воведни зборови од одбраната и изјаснување дали се чувствуваат виновни обвинетите за пожарот во кочанската дискотека “Пулс”, денешното второ...

Македонија15 часа

Мицкоски: 6.045 пристигнати апликации, најголем интерес за искористување на мерката за самовработување

Како Влада, силно веруваме дека економијата расте тогаш кога граѓаните имаат поддршка да создаваат, да иновираат и да стануваат претприемачи,...

Топ17 часа

42-годишник пронајден мртов кај селото Нераште: наредена е обдукција, ќе се вештачат траги најдени на местото

Обвинителството извести дека е извршен увид на лице место, дадени се повеќе насоки и наредби со цел откривање на сторителите...

Македонија17 часа

Голема полициска акција: претреси во Скопје, Куманово и на други локации

Во координација со Основното јавно обвинителство Скопје во тек е полициска акција со претреси во Скопје, Куманово и на други...

Европа19 часа

Зеленски пред тежок избор: планот на Трамп или несигурните Европејци, пишува Политико

Европските претставници вчера воздивнаа со олеснување, верувајќи дека разговорите во Женева вродиле со плод и дека Доналд Трамп ќе ги...

Македонија19 часа

Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење

Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата...

Европа19 часа

Би-би-си: Украинците би можеле да се согласат на изменет мировен план, Русите се друга приказна

Доналд Трамп силно сака мировен договор во Украина. Киев сака мир уште повеќе, но не по секоја цена, пишува Би-би-си...

Свет20 часа

САД преговараат со Русите и Украинците: „Мора да бидеме сигурни дека Русите се согласуваат со ова“

Секретарот на американската армија, Ден Дрискол, пристигна во Абу Даби доцна синоќа на разговори со шефот на украинската воена разузнавачка...

Свет20 часа

Венецуела до авиокомпаниите: Имате 48 часа да ги продолжите летовите или ќе ја изгубите дозволата

Венецуелскиот институт за авијација денес им соопшти на меѓународните авиокомпании дека мора да ги продолжат летовите до земјата во рок...

Свет21 час

ОН: На секои десет минути жена е убиена од близок човек

ОН вчера соопшти дека минатата година речиси 50.000 жени и девојки биле убиени од интимен партнер, осудувајќи го недостатокот на...

Европа21 час

(Видео) Зеленски испрати драматично предупредување: неколку часа подоцна, Русите брутално го нападнаа Киев

Русија синоќа започна жесток напад врз Киев и други украински градови, користејќи беспилотни летала „Шахед“ и балистички ракети „Кинжал“. Нападите...

Македонија2 дена

Мицкоски не знаел за инцидентот со Аца Лукас, но најави строга контрола на естрадата: Јасни се законите и правилата, секој мора да ги почитува

Премиерот Христијан Мицкоски од кого викендов на социјалните мрежи се бара извинување по приведувањето на српскиот пејач Аца Лукас во...

Македонија2 дена

Мораме да се срамиме и да црвениме пред Стразбур, вели Мицкоски откако судот најави отворање предмет за случајот на Јанкулоска

Мораме да се срамиме и да црвениме пред Стразбур, вели премиерот, Христијан Мицкоски, откако судот најави отворање предмет за случајот...

Топ2 дена

Уапсен 16-годишник од Охрид: силувал 12-годишно девојче, друг малолетник го снимал, а трет го уценувал девојчето

Денеска во 10:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 16-годишник од Охрид поради сомнение дека на 12.11.2025...

Топ2 дена

Бебе почина во Општата болница во Кичево: било донесено во тешка здравствена состојба

Вчера во 22:10 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на детското одделение при Општата болница во Кичево во тешка...

Македонија2 дена

„По налог на Груевски Мицкоски ја враќа државата деценија назад“, велат од СДСМ

„Македонија повторно се наоѓа во изолација. Наместо држава што чекори напред, со јасна европска перспектива, денес гледаме изолирана земја додека...