Македонија
Ременски: Синдикалните организации да бидат двигатели на промените во општеството
Докажавме дека не треба да поминат години за да се регистрира организација која што сака да ги подобри правата на своите членови, а притоа ги има сите потребни документи за да ја комплетира процедурата, изјави министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски.
„Дали ќе ви биде чудно доколку ви кажам дека некои од процедурите траеле и по 2 до 3 години? Дали ќе ви биде чудно доколку ви кажам дека некои од тие процедури сеуште беа во тек на крајот на 2015 година, а биле започнати во 2011 или порано?“, рече Ременски во обраќањето во сабота на првиот конгрес на Независниот академски синдикат.На крајот во своето обраќање министерката Ташевска-Ременски заклучи дека со макотрпна работа и со барање на солидарна поддршка од нивните колеги од другите грански синдикати сите заедно може дојдат до посакуваното место, а тоа е да бидат двигатели на промените во високото образование. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) СДСМ: Забегана е најавата на власта за купување нов авион
Скандалозна и најблаго речено забегана е најавата на директорот на СОЗР дека власта сака да купува нов авион за владините фукцинери додека нема пари за плати за работниците, за поголема минимална плата, а гледаме дека нема ниту лекови, рече потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски, одговарајќи на новинарско прашање.
Како што истакна, власта е одлепена од реалноста, луѓето не можат да врзат крај со крај, се мачат со секојдневните поскапувања и високи трошоци за живот, платите стагнираат, додека власта се лукзузира.
„Најавата пак дека се размислувало и демек за половен авион е навреда на интелегнцијата на луѓето, станува збор за милионски бизнис зделки“, рече Илиевски.
Додаде дека СДСМ ќе се спротивстави.
Македонија
(Видео) Илиевски: Скандал во СОЗР, роднини на Томовски дел од тендер вреден 3,5 милиони евра
На повидок е голем роднинско-корупциски скандал поврзан со работата на директорот на СОЗР, Ивица Томовски, објави на прес-конференција потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски.
Како што рече, тендер вреден 3,5 милиони евра добила фирма во која роднина на директорот Томовски станува раководител на подружница од истата фирма во ек на самата тендерска постапка.
„Еве ја целата шема, како парите на граѓаните завршуваат во џебовите на роднините на функционерите од ДПМНЕ. СОЗР, орган во рамките на Владата, склучила договор за обезбедување на државните објекти со компанијата ‘Праеторијан’ ДООЕЛ, вреден 3,5 милиони евра. Огласот за тендерот бил распишан на 10 октомври 2024 година и до тогаш компанијата е во сопственост на Тадеуш Јарчев, а управител е Анета Јарчева. Но, само осум дена подоцна, во ек на огласот, односно на 18 октомври, Власе Танаскоски, роднина на Томовски, влегува во ‘Праеторијан’ ДООЕЛ Скопје. Регистрирана е подружница во Охрид и за нејзин раководител е избран токму роднината на Томовски, Власе Танаскоски. Адресата на подружницата се совпаѓа со седиштето на компанијата ‘Гашо пласт’, чиј сопственик е уште еден близок роднина на истиот функционер“, изјави Илиевски.
Според него, ова е класичен пример за злоупотреба на функцијата и директен конфликт на интереси, а Владата овозможува коруптивни шеми.
СДСМ бара итна реакција од антикорупциската комисија, Јавното обвинителство и сите надлежни институции.
Македонија
Веднаш по враќањето од Вашингтон, Мицкоски ќе преговара за зголемување на платите на административците што протестираа, вели Трендафилов
Владата ја прифати подадената рака од Синдикатот на вработените во управата, правосудните органи и здруженијата на граѓаните (УПОЗ), кој побара продолжување на прекинатиот дијалог за 30 отсто поголема плата на административците, чии плати не се покачени. На протестите минатата недела тие кажаа дека не само декларативно, како Владата, туку и формално пратиле барање за средба со премиерот Христијан Мицкоски, а денес Слободан Трендафилов од Сојузот на синдикатите на Македонија извести дека добиле потврден одговор.
„Синдикатот на УПОЗ доби повратна информација дека е прифатено нивното барање за одржување средба. Средбата очекуваме да се случи веднаш по враќањето на македонската делегација, односно на претседателот на Владата од Вашингтон. Се надеваме дека тоа ќе биде многу бргу имајќи предвид дека колешките и колегите од овие шест министерства и двете други институции очекуваат да се интензивираат преговорите, кои беа прекинати поради одбивањето на анексите на новите колективни договори од страна на Министерството за финансии. Од тие причини Синдикатот на УПОЗ подаде рака да се најде соодветно решение, но колегите и колешките од овие институции се подготвени да ги продолжат протестите и евентуално да преземат и други активности, кои се овозможени во согласност со законот“, рече Трендафилов.
Членовите на Синдикатот на УПОЗ, вработени во Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за дигитална трансформација, Министерството за земјоделство, Министерството за правда, Министерството за култура и туризам, Министерството за економија и труд, Министерството за транспорт, Државниот завод за статистика и Државниот архив минатата недела протестираа четири дена. Последниот протест беше пред Министерството за финансии, од каде што најавија и можен штрајк и тужби за државата доколку нивните плати не се изедначат со платите на вработените во министерствата што добија додаток на платата.