Македонија
Ромите од пред Влада: Ние имаме бел образ, вие немате

Ние имаме бел образ, вие немате, порачаа група граѓани Роми предводени од лидерот на ПЦЕР, кои во сабота се собраа пред Владата за да го искажат својот револт по снимките што ги објави опозицијата, поради како што велат нивната дискриминација.
Пред Владата беа пуштени снимки од разговори, во кои што наводно министерката за внатрешни работи Гордана Јакулоска договара како да се добијат гласовите на Ромите и во еден од разговорите ги нарекува Цигани и вели „само да не добијат во прв круг, а во вториот, ако треба за уши ќе ги носат на гласање“.
Лидерот на Партијата за целосна еманципација на Ромите, Самка Ибраимовски рече дека никој нема право да ги омаловажува Ромите.
„Ромите имаат углед и достоинство, а оние кои се чувствуваат како Цигани и оние кои немаат проблем да бидат тегнати за уши, нека седат таму кај што се. Ние живееме во оваа држава, плаќаме даноци, еднакво придонесуваме за развој на нашатата татковина и никој нема право да ги тегне Ромите за уши. Таква реторика не постои уште од времето на Хитлер“ рече Ибраимовски./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Почнувајќи од 3 септември, во период од 2 седмици, на патниот правец Гостивар – Тетово и обратно од патарина Тетово до патарина Гостивар, ќе се изведуваат градежни истражувачки работи, поради што сообраќајот ќе се одвива под времен режим на сообраќај, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Денеска сончево со умерена облачност, следува период на претежно стабилно време

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на претежно стабилно време. До недела ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен северен ветер.
Македонија
Тошковски: Партнерството со САД носи силна поддршка за реформи во МВР

Министерот за внатрешни работи Панче Тшоковски денес оствари тет-а-тет средба со амбасадорката на САД, Анџела Агелер.
„Средбата ја потврди блиската соработка и заедничката посветеност за јакнење на институциите и модернизацијата на системот, како темел за поуспешно справување со криминалот и корупцијата“, соопштија од МВР.
„Партнерството со САД ни носи силна поддршка за нашите реформи во МВР насочени кон професионална и ефикасна полиција, која ќе овозможи зголемена безбедност, правда и доверба кај граѓаните.“, потенцираше министерот Тошковски.