Сервисни информации
Во петок без струја делови од населби во неколку скопски општини
Поради технички зафати во електромрежата, во петок, 24-ти февруари, од 08:30 до 11:00 часот, без снабдување со електрична енергија ќе бидат корисници од дел од улицата „Дрезденска и Алжирска“ во општина Карпош, а од 08:30 до 11:30 часот, корисници од делови од улиците „Аминта Трети“ и „Никола Тримпаре“ во општина Центар, информира денеска Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје.
Во петокот, исто така, од 9 до 12 часот струја ќе немаат и корисниците од дел од булеварот „Метрополит Теодосиј Гологанов“, односно објектите во близина на Интернационалното училиште Нова, во општина Карпош, а од 9 до 14 часот, корисниците од дел од улицата „10“ во населбата Сарај, како и корисниците од дел од улиците „Брсјачка Буна“ во општина Шуто Оризари.
Прекин во снабдувањето со електрична енергија во петок од 9 до 15 часот е највено и за корисниците од улицата „Дренак“, улицата „367“, дел од улицата „Невена Ѓоргиева Дуња“ и дел од улицата „Балзакова“ во општина Кисела Вода, а од 13 до 14 часот, корисниците од дел од улиците „Доситеј Обрадовиќ“, „Дино Петров“, дел од улиците „Димо Хаџи Димов“, „Мишко Михајловски“ и „Тоне Томшиќ“, исто така, во општина Кисела Вода./крај/рцук/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утревечер и во петок нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Времето утре ќе биде променливо облачно.
Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Услови за пороен дожд ќе има во текот на ноќта. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.
Во Скопје променливо облачно. Од пладневните часови во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 23 степени, јавува УХМР.
Во наредните денови, следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Утре, во ноќта кон петок и во петок на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град.
Дневната температура од утре до сабота ќе биде во постепено опаѓање, а во недела ќе се покачи за 2 до 4 степени..
Сервисни информации
Сончево со мала до умерена облачност, од пладневните часови со услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд
Времето денеска, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и во делови од регионот со услови за краткотарен пороен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 22 степен.
Од недела следува период на стабилно и топло време, а дневните температури ќе бидат повисоки за 3 до 5 степени.
Сервисни информации
Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено
Времето денеска со претежно ведро и наместа постудено утро. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во сабота попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време.