Сервисни информации
Облачно, на повеќе места со слаб дожд
Променливо облачно, на повеќе места со слаб дожд, а во западните делови повремено со умерен интензитет. На повисоките планини во северозападниот дел од земјава со услови со повремен снег.
Утринските температури ќе се движат од -3 до 3 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 7 до 13 степени.
Во Скопје и околината магливо со утринска температура од -1 и дневна до 7 степени.
Во недела на повеќе места ќе има повремен дожд со слаб, а во западните делови со умерен интензитет. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Температурата ќе има тенденција на пораст, што ќе предизвика понатамошно топење на снежната покривка.
Од понеделник попладне од југозапад ќе започнат врнежи од дожд кои преку ноќта ќе се прошират насекаде и ќе се поинтензивни во ноќта и во вторник претпладне. Од вторник попладне ќе почне да дува и северен ветер, а врнежите кои веќе ќе завршуваат, на запад и на север ќе поминуваат во снег на повисоките места и на планините. До понеделник ќе се задржат повисоки дневните температури и ќе има позначајно топење на снегот. /крај/ухрм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Сервисни информации
Сообраќајот на патот Прилеп-Македонски Брод, се одвива наизменично по една коловозна лента
Во 14:58 часот сообраќајот на регионалниот пат Прилеп-Мак.Брод, сообраќајот се одвива наименично по една коловозна лента.
АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Сервисни информации
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините повремен снег
Времето денеска ќе биде, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег.
Локално, врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Од петок следува период на претежно стабилно и потопло време со пораст на температурите на воздухот.
Македонија
Во Скопје се возело брзо и без возачка дозвола – санкционирани 114 возачи
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (20.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 114 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, 10 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, седум мерки за користење на мобилен телефон при управување…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.