Контакт

Сервисни информации

Се асфалтира, има и можности за одрони, се одвиваат градежни работи – состојба на патиштата

Објавено пред

ПРОМЕНИ ВО РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Поради асфалтирање, делницата Велес – Градско од 12.7. до 22.7.2023, во периодот од 8 до 18 часот, ќе биде затворена за сообраќај.

dobivaj vesti na viber

Поради вградување асфалтен слој (асфалтирање), од 6.7 до 20.7.2023 година делницата Демир Капија – Давидово ќе биде затворена во периодот од 10 до 16 часот.

ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен привремен режим на сообраќај, со кој се забранува движење тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Термините се следни:

– петок од 10 до 22 часот,

– сабота од 9 до 18 часот и

– недела од 9 до 22 часот.

На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење тешки товарни возила, чија вкупна маса преминува 7,5 тони, за време на викендите, во следните интервали:

– петок од 15 до 22 часот,

– сабота од 7 до 12 и од 18 до 24 часот и

– недела од 7 до 22 часот.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце и на ГП Богородица за влез во државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 45 минути. На другите гранични премини од македонска страна нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Извештај бр. 0660 18.7.2023

6.20 часот

ИЗВЕСТУВАЊЕ:

Од настанатите поплави на 14.6.2003 година во Делчево и околината оштетени се темелите на мостот на Црвенска Река на магистралниот пат А3 делница Македонска Каменица – Делчево. Сообраќајот на мостот се одвива наизменично по една коловозна лента.

Регионалниот пат од с. Извор кон Прилеп, поточно с. Степанци, општина Чашка кон Прилеп, е со наноси од земја и кал поради дождот и е непрооден.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Почнувајќи од 8.4.2023 година, патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, е отворен за сообраќај за возила со дозволена носивост до 3,5 тони.

РАБОТИ НА ПАТ:

Од 3.7.2023 ќе се почнат градежни активности, со што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај на регионалниот пат Р1201 Струга – Дебар (фаза 1 асфалтирање кај с. Глобочица и фаза 2 – асфалтирање кај с. Луково), каде што ќе има целсно затворање на сообраќајот од 10 до 14 часот. Градежните активности на регионалниот пат ќе се извршуваат до 8.7.2023 г.

Поради вградување асфалтен слој (асфалтирање), од 19.6 до 23.6.2023 година делницата Велес – Градско (во н.м. Градско) ќе биде затворена за сообраќај во периодот од 8 до 18 часот.

Од 16.6.2023 година почнува реконструкција на регионалниот пат Р 1206 од потегот кај кружниот тек во с. Боговиње до с. Пирок. Градежните работи ќе се извршуваат во наредните 10 дена секој ден од 7 до 19 часот со повремени прекини во сообраќајот.

Од 14.6.2023 година почнува проектот „Санација на трупот на патот Р1303, делница Македонски Брод – Прилеп, премин Барбаpос. Сообраќајот на овој патен правец ќе се одвива непречено, со ограничување на максималната брзина до 30 км/час.

Поради изведување градежни работи (реконструкција на коловозот) на патниот правец Подмоље – Охрид на магистралниот пат А3, сообраќајот ќе биде пренасочен преку регионалниот пат Р 1208. Работите почнуваат на 9.6.2023, а на местото ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

ГД „Гранит“ АД Скопје известува дека поради изведување градежни работи при реконструкција и изградба на државен пат А2, делница: Крива Паланка – ГП Деве Баир, ќе има привремена измена на режимот на сообраќај.

ДТГ „Жикол“ ДООЕЛ извести дека од 10.5.2023 година, поради вршење градежни активности на делницата Струмица – Дабиле, поставен е привремен режим на сообраќај.

Од 8.5.2023 година почнаа градежни активности на објект: поставување заштитна звучна ограда на автопатот А2, делница Скопје -Тетово, од страна на фирмата изведувач ДГПТУ „Битем“ ДООЕЛ Скопје во согласност со склучениот договор помеѓу договорниот орган Јавно претпријатие за државни патишта и фирмата изведувач ДГПТУ „Битем“ ДООЕЛ Скопје. На трасата на која се изведуваат градежните работи има привремен режим на сообраќај.

Од 26.4.2023 година почнаа градежни активности на државниот пат А1, во насока од Демир Капија кон Неготино, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај со целосно затворање на автопатот на клучката кај Демир Капија, а сообраќајот е пренасочен на регионалниот пат Р1102.

Почнувајќи од 6.3.2023, на автопатот А1, делница Петровец – Катланово, почнуваат градежни активности поради што има изменет режим на движење на возилата. Сообраќајот се одвива непречено и се препорачува внимателно пристапување.

Според информација од ДГТ „Жикол“, поради изведување градежни работи на државниот пат А2, делница Миладиновци – Хиподром, сообраќајот на автопатот ќе се одвива според привремен режим.

Поради изведување работи на експресниот пат од Градско до Дреново, на државниот пат А1, делница Велес – Неготино, ќе се применува привремена измена на режимот на сообраќај. Привремениот режим ќе се применува во двата правца на автопатот Е 75. Сообраќајот ќе се одвива непречено, со брзина од V=80 km/h во зона на градилиште. Режимот ќе се применува сѐ до целосна изградба на новата клучка кај Градско.

Од 3.11.2022 почнуваат градежни работи на државниот пат А4, делница Блаце – Скопје. Градежните работи почнуваат со комплетно затворање од 11 + 056 км до 12 + 369 км и пренасочување на сообраќајот по околната сообраќајна мрежа.

ГП „Илинден“ – Струга известува дека на патниот правец Кичево – Охрид, на делницата од с. Требеништа – Охрид, од 13.10.2022 се воведува изменет режим на сообраќај. На учесниците во сообраќајот им се препорачува да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја приспособат брзината спрема условите на патот.

На регионалниот пат Р1102, односно делница Велес – Градскo, поради изведување градежни работи, наведената делница ќе биде затворена за сообраќај од 28.9.2022 година во наредните 9 месеци и сообраќајот ќе се одвива во согласност со одобрениот привремен режим на сообраќај.

„Страбаг“ АГ известува: Врз основа на одобрение за привремена измена на режим на сообраќај на државниот пат А1 – делница Велес – Неготино, издадено од Министерство за транспорт и врски, со број 11-уп-46/4 од 21.7.2022 година, кое се однесува за изградба на новата клучка кај Градско (како дел од автопатот А1), на гореспоменатата делница ќе се изведуваат градежни работи и во следните 12 месеци, а ќе се применува привремената измена на режим на сообраќај.

Привремениот режим ќе се применува во двата правца на автопатот Е 75 во зоната на изградба на новата клучка кај Градско, и тоа во правец кон граничниот премин Богородица и во правец кон граничниот премин Табановце. Сообраќајот ќе се одвива по возната сообраќајна лената, а нема да може да вози по сообраќајната лента за престигнување.

ГД „Гранит“ АД Скопје известува дека во согласност со издаденото одобрение за привремен режим на сообраќај за време на изведбата на автопатот А4, делница ГП Блаце – Скопје (клучка кај Стенковец) подделница 1 – проширување постоен пат А4 од ГП Блаце до с. Блаце до ниво на автопат и изградба на дел од автопат со клучка за поврзување со локален пат до с. Блаце, на 2 км пред граничниот премин Блаце, од 17.6.2022 година на местото на изведување на градежните работи се одвива дополнителен привремен двонасочен режим на сообраќај со поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Сообраќајот се одвива континуирано без застој. Препорака до возачите за приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Според информација од Друштвото за градежништво „Пелагонија“ АД Гостивар, од 5.4.2022 се изведуваат градежни активности за санација на свлечишта на км 19+500 (кај село Глобочица) и 24+000 (кај село Луково) на регионалниот пат Р1201 делница Струга – Дебар. Сообраќајот се одвива наизменично и е регулиран со семафори.

„Стентон градба“ ДОО известува за привремена измена на режимот на сообраќај на државниот пат крак А1, делница Градско – Прилеп (Фариш – Прилеп), поточно по мостот на реката Раец кон Плетвар поради градежни активности од 2.3.2022 во врска со проектот „Рехабилитација на државен пат А1, делница Фариш – Прилеп“ и ќе трае во наредните 12 месеци. Поради изведување на градежните работи, ќе има пренасочување на сообраќајот по две коловозни ленти, возачите треба да ја следат поставената патна сигнализација и да возат со намалена брзина при поминување на работната делница.

На патниот правец А2 Кичево – Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа препорачуваме строго почитување и приспоспбена брзина на движење.

Сервисни информации

Сончево со умерена облачност, попладне во некои делови нестабилно со пороен дожд и грмежи

Објавено пред

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен правец. Попладне, особено во западните и крајните источни делови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локална појава на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема попладне и со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.

До четврток, претежно во попладневните часови ќе има појава на повремен пороен дожд и грмежи. Во овие денови локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. Постабилно време се очекува од петок, а за време на викендот и натпросечни температури.

Прикажи повеќе...

Сервисни информации

Сообраќајна несреќа на патот Василево-с.Градошорци, сообраќајот пренасочен

Објавено пред

Во 18.15ч. магистралниот пат Василево-с.Градошорци е затворен во двата правци и сообраќајот е пренасочен по стариот пат, поради случена сообраќајна незгода, информираат од АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Сервисни информации

Претпладне сончево и топло, попладне со пороен дожд и грмежи наместа во форма на невреме

Објавено пред

Претпладне сончево и топло со променлива облачност која ќе се зголемува. Од пладневните часови, попладне и преку ноќта ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност од попладне со услови за нестабилност, пороен дожд и грмежи. Повремени врнежи ќе има и преку ноќта. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Во деновите од викендот и во ноќта кон недела ќе преовладува променливо облачно време, наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локална појава на невреме.

Во понеделник краткотрајно условите за нестабилност ќе се намалат, а од вторник во попладневните часови повторно ќе има појава на нестабилност со променлив интензитет со пороен дожд и грмежи.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија52 минути

(Видео) Тошковски: Обезбедена е видеоснимка на која се гледа како сопругот ја удира жртвата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека во рамки на истрагата за трагедијата во Карпош е обезбеден видеозапис на...

Македонија2 часа

Се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, се работи на безбедна евакуација од погодените подрачја, соопшти МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека интензивно работи на обезбедување услови за соодветна и безбедна евакуација на...

Македонија2 часа

По пад од балкон загина 10-годишно момче во Тетово: родителите дознале од соседите

Денеска (03.03.2026) во 09:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче...

Македонија2 часа

Тошковски објави нови детали за трагедијата во Карпош: Жртвата негирала насилство пред полицијата, сопругот имал криминално досие и бил апсен за дрога

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти нови детали за вчерашната трагедија во Карпош, во која загинаа мајка и дете....

Македонија2 часа

Бракоразводна постапка и пријава за насилство – вонреден надзор во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Министерството за социјална политика, демографија и млади изрази длабоко сочувство до семејството и блиските на мајката и детето кои го...

Македонија3 часа

Државните нафтени резерви се стабилни и обезбедуваат сигурност, уверуваат надлежните

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини со посебно внимание ја следи состојбата со актуелната енергетска ситуација, особено во контекст...

Македонија3 часа

МНР со владиниот авион ќе ги евакуира нашите државјани од Израел, првите се очекува да пристигнат утре

За евакуација на Македонците кои сакаат да се вратат дома од Израел, Министерството за надворешни работи (МНР) ќе го испрати...

Македонија5 часа

Сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат за граѓаните кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати, велат од МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, согласно последните податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473...

Македонија5 часа

Едно лице задржано по трагедијата во Карпош: распити на повеќе лица, детален претрес на станот, екстракција на податоци од телефони, се обезбедуваат снимки

Основното јавно обвинителство Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на вчерашниот случај во Карпош, кога...

Македонија5 часа

Почувствуван земјотрес во Гостивар

Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 5 часот и 21 минути...

Свет7 часа

(Видео) Објавено сведочењето на Клинтон за Епстин, Хилари е бесна

Нови видеа покажуваат како Хилари Клинтон речиси излегува од сведочењето зад затворени врати пред американските пратеници за Џефри Епстин откако...

Свет7 часа

Пезешкијан: Иран нема да стои настрана пред нападите врз училиштата и болниците

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, изјави дека неговата земја нема да стои настрана поради американско-израелските напади што погодија женско училиште...

Свет7 часа

Трамп: Подготвени сме да водиме војни колку што е потребно, имаме залихи што ќе траат засекогаш

Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата платформа Truth Social извести дека САД имаат рекордни залихи на муниција од среден и...

Свет8 часа

Рубио: Израел планираше да го нападне Иран, мораше да извршиме превентивни напади

Одлуката на Израел да го нападне Иран и сигурноста дека американските сили ќе бидат цел на одмазда ја принудија администрацијата...

Свет8 часа

(Видео) Познатата Палата Голестан во Техеран е оштетена, објавени се фотографии

Делови од Палатата Голестан, единственото место на светското наследство на УНЕСКО во иранската престолнина, беа оштетени во воздушен напад извршен...

Свет8 часа

Америка ги повика своите граѓани веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји од Блискиот Исток

Американското министерство за надворешни работи денес ги повика Американците веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји на Блискиот Исток,...

Свет8 часа

Нетанјаху: Војната нема да трае со години

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека американско-израелската војна против Иран може да трае „некое време“, но нема да трае...

Македонија17 часа

Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството

Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го...

Македонија18 часа

„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош

„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“. Ова на...

Топ19 часа

Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош

Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош. Од Министерството за...