Свет
Блинкен: Неприфатлива e одлуката на Русија да не го продолжи договорот за жито, цените на храната ќе пораснат
Шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен ја оцени како неприфатлива одлуката на Русија да не ја продолжи важноста на договорот за извоз на украински житарки.
Американскиот државен секретар оцени дека оваа одлука ќе доведе до зголемување на цените на храната.
Изборот на Москва да ја користи „храната како оружје ќе го отежне доаѓањето храна до местата каде што е очајно потребна и ќе ги зголеми цените“, рече Блинкен.
Во меѓувреме, Обединетите нации соопштија дека во Истанбул, неколку часа пред истекот на договорот, бил прегледан и последниот товарен брод со жито од Украина.
Според договорот, бродовите со жито заеднички ги проверуваат Украина, Русија, Турција и Обединетите нации, а Русија ја гарантира безбедноста на тие бродови на коридорот преку Црното Море.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Децата од Британија прават најмалку физички вежби во Европа
Истражувањето објавено од Светската здравствена организација (СЗО) покажало дека децата на возраст од 11, 13 и 15 години од Велика Британија прават најмалку физички вежби на дневна основа во споредба со децата од другите земји во Европа, централна Азија и Канада.
Околу 11 отсто од девојчињата и 16 отсто од момчињата во Англија го прават препорачаниот час физички тренинг дневно, пишува британски „Тајмс“.
Физичката активност, од умерена до енергична, вклучува работи како брзо одење, возење велосипед и возење ролери.
„Имаме голем јаз меѓу половите и големи социо-економски разлики. Две третини од 15-годишните момчиња во Велика Британија учествуваат во енергична физичка активност четири или повеќепати неделно, но само една третина од девојчињата“, рече координаторот на оваа меѓународна студија, Џо Инчли, од Универзитетот во Глазгов.
Таа изјавила дека посилните вежби, во кои срцето чука малку побргу, исчезнуваат од животот на младите.
„Порано, кога младите поминуваа многу време надвор, тој број ќе беше многу поголем. Сега гледаме дека многу опаѓа и мислам дека тоа е многу загрижувачки бидејќи може да има големо влијание врз здравјето и благосостојбата на младите“, рече Инчли.
Регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге, истакна дека редовната физичка активност, здравите навики во исхраната и одржувањето здрава телесна тежина се клучни делови од здравиот живот.
„Наодите од истражувањето укажуваат на потребата од насочени интервенции за да им се овозможи на адолесцентите да усвојат поздрави навики и да избегнуваат навики што влијаат не само на нивното сегашно здравје и благосостојба туку и на нивните идни траектории“, рече Клуге.
Европа
Нови детали за атентатот на Фицо: напаѓачот ја поддржувал Украина, сакал да му се одмазди на словачкиот премиер
Претседателот на словачкиот парламент, Љубош Блага, изјави дека убиецот на премиерот на земјата, Роберт Фицо, 71-годишниот Јурај Цинтула, е проукраински и ги обвини либералните американски медиуми дека шират дезинформации за да го прикријат овој факт.
Весникот СМЕ ги обвини руските медиуми дека почнале кампања за дезинформација во врска со атентатот на Фицо. „Всушност, дезинформациите се шират од американските либерални медиуми. СМЕ во денешниот напис привлекува внимание на она што Русите го нарекуваат Цинтула проукраински. Но, тие се апсолутно во право за тоа. Беше проукраински ориентиран“, напиша Блага на својот канал на „Телеграм“.
Според него, Цинтула на еден од антивладините собири извикал: „Да живее Украина“ и ја пцуел словачката влада.
„Американските либерални медиуми се обидуваат да скријат дека напаѓачот и потенцијалниот терорист Цинтула е политички фанатик од нивниот сопствен табор, проукраински, анти-Трамп и прогресивно ориентиран“, додаде Блага.
Тој посочи дека на американските либерали не им се допаѓа тоа што политичкото насилство го создаваат нивните либерални активисти.
Покрај тоа, словачкиот портал „Правда“ објави детали од атентатот на Фицо.
Според написот, Цинтула никому не му кажал за своите планови, а нападот го планирал два дена пред атентатот.
„Целта му била одмаздата, а тој повторува дека не сакал да убие никого, туку само да му наштети на здравјето на премиерот Роберто Фико за да не може повеќе да ја извршува таа функција. Нападот го планирал два дена и подготвил два куршума“, пишува порталот повикувајќи се на судски документи.
Според порталот, Цинтула изјавил дека би сакал да му се извини на својот премиер.
„Правда“ посочува и дека обвинетиот за нападот на Фицо никому не му кажал за своите планови и дека тој наводно пукал за да не повреди никого, освен премиерот.
Словачкиот премиер Роберт Фицо беше ранет во пукање по седницата на владата на 15 мај, која се одржа во градот Хандлова, на околу 150 километри североисточно од Братислава. Фицо веднаш бил хоспитализиран во болница, а по неколкучасовната операција, 24 часа бил ставен во вештачка кома, потсетуваат тамошните медиуми.
Сегашната состојба на словачкиот премиер останува стабилна, изјави вицепремиерот и министер за одбрана, Роберт Калињак.
Свет
Aпсење поради лажен тестамент: бизнисмен тврди дека Берлускони му оставил милиони, јахта, вили
Италијански бизнисмен, кој живее во Колумбија, е уапсен во случај на наводен лажен тестамент оставен од покојниот трикратен поранешен премиер и медиумски магнат, Силвио Берлускони.
Берлускони почина минатиот јуни на 86-годишна возраст по доминирањето во италијанскиот јавен живот три контроверзни децении, стои во написите на медиумите во регионот.
Марко ди Нунцио, претприемач од Торино, кој живее во јужноамериканска земја, е уапсен по налог на колумбиските власти за случајот со фантомскиот колумбиски тестамент на Берлускони.
Во меѓувреме, миланските обвинители Марсело Виола и Роберта Амадео ја затворија истрагата за барањето да му се суди на 55-годишникот за фалсификување тестаментот и обид за изнуда од децата на Берлускони.
Ди Нунсио објави тестамент во кој тврди дека пред нотар во Колумбија, во градот Картагена, Берлускони му оставил во аманет 26 милиони евра, јахта, вили во Антигва и два отсто од неговите медиуми на банкарскиот и градежниот гигант „Фининвест“.