Сервисни информации
Свечено отворен јубилејниот 40- Златен гонг
Во Салата Борис Трајковски во свечена атмосфера беше отворен Јубилејниот 40-ти Златен гонг
Пред почетокот на вечерните борби пред построените учесници на турнирот поздравен говор одржа градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, а турнирот го отвори директорот на Агенцијата за спорт и млади Диме Спасов.На првиот победник на Златниот гонг од 1969 година, прославениот југословенски боксерски ас, сега 68 годишниот Звонко Вуин Спасов му додели златна плакета.Во денешните борби од македонските боксери победа со 6:5 во поени избори Горан Антиќ (-64 кг) против Бугаринот Антон Павлов. Ибраим Мустафи (-60 кг) загуби од Чехот Меран Алекозјан со 1:8, а Жута Фатлум (-75 кг) загуби од Црногорецот Бојан Пешиќ со 2:4.Најдобар впечаток денеска покажаа Кубанците. Карлос Бантеур Суарез (-69 кг) со технички нокаут во првата рунда го победи Чехот Дени Калоус, а Хулио Ле Круз Пераза (-81 кг) исто така со ТКО го победи чехот Станислав Старек во втората рунда. Најефектен беше нокаутот кој го постигна Албанецот Астмер Билали откако по еден страотен десен директ речиси го извади од кондури Бугаринот Евгениј Петрињачев, па неговиот тренер веднаш фрли крпа во рингот за да спречи потешки последици за својот боксер.Во останатите мечеви се постигнати следните резултати: (-60 кг) Колин Мавродиев (Буг.) – Елтон Чанај (Алб.) 13:5, (- 64 кг.) Дарио Вангели (Ит.) – Џемал Фетаховиќ (БиХ) 1:1 победа на италијанскиот боксер, (-64 кг.) Сергеј Хигајев (Рус.) – Миодраг Смиљаниќ (Срб.) 9:3, (-75 кг.) Максим Сазизов (Рус.) – Сачвазоре Грибко (Ит.) 2:0, (- 75 кг.) Камил Зеремета (Пол.) – Емилио Кореа Бајо (Куб.) 2:1, (- 75) Албан Бермета (Алб.) – Томаш Безвода (Чеш.) 4:0, Велибор Видиќ (БиХ) – Апинтилиеса Адриан Чатали (Ром.) 9:3.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Сервисни информации
Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено
Времето денеска со претежно ведро и наместа постудено утро. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во сабота попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време.
Сервисни информации
Сообраќајот на патот Прилеп-Македонски Брод, се одвива наизменично по една коловозна лента
Во 14:58 часот сообраќајот на регионалниот пат Прилеп-Мак.Брод, сообраќајот се одвива наименично по една коловозна лента.
АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Сервисни информации
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините повремен снег
Времето денеска ќе биде, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег.
Локално, врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Од петок следува период на претежно стабилно и потопло време со пораст на температурите на воздухот.