Контакт

Сервисни информации

Сообраќајот се одвива нормално по претежно суви коловози

Објавено пред

Сообраќајот на државните патишта во Македонија во саботата претпладнето се одвива без забрани, по претежно суви коловози, информираат од АМСМ и препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

dobivaj vesti na viber

Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово, Кочани-Делчево и Ресен – Буково каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

На патниот правец А1 автопат Велес – Скопје пред наплатната станица Отовица ќе се извршуваат градежни работи на пат – изградба на краци за приклучување и исклучување на автопатот. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и се препорачува крајно внимателно управување со возилата, почитување на сообраќајната сигнализација и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

На патниот правец Катланово-Велес, воведена е времена измена на режим на сообраќај поради изведување на градежни работи, односно осветлување на тунелите Солиште и Бел Камен. Сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лента за што е поставена соодветна сигнализација.

АД Гранит известува дека поради продолжување на градежните работи на делот од трасата на патниот правец А3 Битола – Макази и добиеното одобрение за времена измена на режимот на сообраќајот, пренсочувањето на сообраќајот од бензинската пумпа на Лукоил до клучката за с. Ротино и понатаму продолжува со важност.

Според сообраќајниот проект тех.бр.155/2015 за времена измена на сообраќајот на патен правец Скопје – Миладиновци – Куманово сообраќајот ќе се одвива (десно по наплатна станица Миладиновци) преку автопатот Куманово – Велес се до клучката кај аеродромот Александар Велики до приклучокот на автопат Велес – Куманово.

Согласно Одобрението за времена измена на режим на сообраќај издадено од Министерството за транспорт и врски, од 14.12.2015 год., 11-уп-134/4, на магистрален пат A3б/A4е, делница Кадрифаково- Штип, од км. 217+818 до км. 219+918, од 15.01.2016 година од 08:00 – 16:00 часот ПРО ГЕО ДОО КУМАНОВО ќе врши геодетски мерења согласно добиените дозволи. Имено ќе се врши геодетско снимање на асфалтниот дел од трупот на патот на потегот од Клучка Штип до с. Три Чешми. Сообраќајот во моментот на мерењето ќе се одвива согласно Сообраќаен проект за времено одвивање на сообраќајот и со соодветна сообраќајна сигнализација.

Г.Д.Гранит А.Д.Скопје,ОЕ – Нискоградба Исток од 11.12.2015 започна со реконструкција и надградба на автопат, делница Смоквица – Гевгелија, како дел од Коридорот 10. Ве известуваме дека сообраќајот се одвива под времен режим.

Градежното Друштво “Гранит” АД Скопје (Р.Е. Свети Николе – Штип) изведува градежни работи на магистралниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од 26+396,00 до 47+107,00 км. Се планира целосното затворање до целосно завршување на активностите (период од 2 години) на делницата, на потег км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково), со пренасочување на сообраќајот преку регионалниот пат P 1204.

Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим на сообраќај, и тоа:- од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово,- и од с.Лозово преку с.Сарамзалино до клучка Кадрифаково.

Друштвото АСФАЛТ ДОО Скопје известува дека поради изведување на градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатна станица Романовце, во периодот од 29.10.2015 до 28.03.2016 на магистрален пат А1, делница Куманово – наплатна станица Романовце и обратно, сообраќајот се одвива согласно Одобрението за времен режим на сообраќај бр. 24.3-60091/1 од 28.09.2015 издадено од Министерството за транспорт и врски на Р. Македонија.

Се предупредуваат возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената сообраќајна сигнализација.

На сите патни правци каде се изведуваат градежните работи поставена е соодветна патна и сообраќајна сигнализација./крај/мф/амсм

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Сервисни информации

Сончево со умерена облачност, попладне во некои делови нестабилно со пороен дожд и грмежи

Објавено пред

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен правец. Попладне, особено во западните и крајните источни делови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локална појава на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема попладне и со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.

До четврток, претежно во попладневните часови ќе има појава на повремен пороен дожд и грмежи. Во овие денови локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. Постабилно време се очекува од петок, а за време на викендот и натпросечни температури.

Прикажи повеќе...

Сервисни информации

Сообраќајна несреќа на патот Василево-с.Градошорци, сообраќајот пренасочен

Објавено пред

Во 18.15ч. магистралниот пат Василево-с.Градошорци е затворен во двата правци и сообраќајот е пренасочен по стариот пат, поради случена сообраќајна незгода, информираат од АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Сервисни информации

Претпладне сончево и топло, попладне со пороен дожд и грмежи наместа во форма на невреме

Објавено пред

Претпладне сончево и топло со променлива облачност која ќе се зголемува. Од пладневните часови, попладне и преку ноќта ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност од попладне со услови за нестабилност, пороен дожд и грмежи. Повремени врнежи ќе има и преку ноќта. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Во деновите од викендот и во ноќта кон недела ќе преовладува променливо облачно време, наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локална појава на невреме.

Во понеделник краткотрајно условите за нестабилност ќе се намалат, а од вторник во попладневните часови повторно ќе има појава на нестабилност со променлив интензитет со пороен дожд и грмежи.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 часа

(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и...

Свет7 часа

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет14 часа

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет14 часа

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...

Свет14 часа

Иран ги предупреди американската војска и Израел дека ќе бидат „легитимни цели“ ако САД нападне поради протестите

Иранскиот парламент денеска се состана за да разговара за смртоносните антивладини протести кои беснеат повеќе од две недели. За време...

Свет15 часа

Болниците во Иран преплавени со повредени од протестите, доктори опишуваат „ужасни сцени“

Протестите во Иран продолжуваат, а улиците на градовите, особено Техеран, се исполнети со илјадници демонстранти, и покрај блокадата на интернет...

Свет15 часа

Вашингтон одржа „прелиминарни“ разговори за потенцијален удар врз Иран, објави Волстрит журнал

Американски официјални лица разговарале за планови за можни напади врз Иран, вклучувајќи потенцијални цели, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на...

Македонија1 ден

Детален список: каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба,...

Македонија1 ден

Состојба по обилните дождови во Македонија: пресек на ЦУК до 18:30 часот

Центарот за управување со криви направи пресек на состојбата по обилните врнежи до 18:30 часот. Источен регион – Штип Во...

Македонија1 ден

УХМР: Водостоите остануваат високи, вечерва се очекува заладување и снег

Според податоците од хидролошките станици се уште е висок водостојот на река Сатеска, како и на река Коселска кој почнува...

Македонија1 ден

ЈСП Скопје: Ниските температури и снегот може да предизвикаат изменето сообраќање на автобусите

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските минусни температури и најавените...

Топ1 ден

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...

Македонија1 ден

Николоски на терен: Сите патишта се проодни, снегот редовно се чисти од Македонија пат

Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе...

Свет1 ден

Хамнеи ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе контролата: Иран во најголема готовност досега

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе главната улога во справувањето со протестите...

Свет1 ден

Сè што треба да знаете за протестите во Иран

Ако штотуку дознавте за растечките протести во Иран, имаме брз преглед на тоа што стои зад оваа тековна ситуација. Протестите...

Топ2 дена

18-годишниот возач кој вчера прегази жена во Капиштец избегал од државата, МВР распиша потерница

СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со вчерашната сообраќајна несреќа на ул. „Народен фронт“ во Скопје...

Македонија2 дена

Денеска гласаат болните и затворениците пред повторните избори за градоначалници во четири општини

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за повторните...

Свет2 дена

(Видео) „Се враќам во земјата за да бидам со луѓето“ – синот на поранешниот шах на Иран повика на протести

Реза Пахлави, син на покојниот поранешен ирански шах, кој живее во Вашингтон, ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со...

Европа2 дена

Растат цените на становите во ЕУ – Унгарија рекордер со зголемување од 275%

Во периодот од 2015 до крајот на 2025 година, цените на становите во ЕУ во просек пораснале за 63,6%, додека...

Свет2 дена

(Фото+видео) Катастрофа во Викторија: беснеат стотици пожари, уништени куќи, илјадници без струја

Во австралиската сојузна држава Викторија во последните 24 часа избиле повеќе од 250 пожари, од кои 11 се класифицирани како...