Контакт

Сервисни информации

Во четврток прекин на снабдувањето со струја во повеќе општини во Скопје и скопско

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД и од Републичкиот центар за управување со кризи на Град Скопје известуваат дека поради технички зафати во електро-мрежата во четврток, 24.11.2016 година, без електрична енергија ќе останат:
во време од 08:30 до 09:30 часот корисниците од дел од ул. Хераклеја. (општина Ѓорче Петров)

dobivaj vesti na viber

во време од 09:30 до 14:00 часот корисниците од дел од ул. Банско. (општина Кисела Вода)

во време од 10:00 до 14:00 часот корисниците од с. Долна Матка. (општина Сарај)

во време од 08:30 до 12:30 часот корисниците од дел од нас. Момин Поток. (општина Карпош)

во време од 09:00 до 15:00 часот корисниците од подулиците 58, 72 и 80 во с. Волково. (општина Ѓорче Петров)

во време од 08:45 до 16:00 часот корисниците од воените објекти на Караџица, селата Алдинци, Драчевица, Цветово, Црвена Вода, Палиград, Мала Река, Горно и Долно Количани, Вртекица и Рамни Габер. (општина Студеничани)

во време од 07:00 до 08:00 часот корисниците од Живинарската фарма во нас. Илинден. (општина Илинден)

во време од 08:50 до 15:00 часот корисниците од викенд населбата Јане Сандански и млекарницата МАСКО. (општина Зелениково)

во време од 10:00 до 15:00 часот корисниците од подулиците 12 и 15 во с. Сарај и потегот кај основното училиште. (општина Сарај)./крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Сервисни информации

Сончево со умерена облачност, попладне во некои делови нестабилно со пороен дожд и грмежи

Објавено пред

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен правец. Попладне, особено во западните и крајните источни делови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локална појава на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема попладне и со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.

До четврток, претежно во попладневните часови ќе има појава на повремен пороен дожд и грмежи. Во овие денови локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. Постабилно време се очекува од петок, а за време на викендот и натпросечни температури.

Прикажи повеќе...

Сервисни информации

Сообраќајна несреќа на патот Василево-с.Градошорци, сообраќајот пренасочен

Објавено пред

Во 18.15ч. магистралниот пат Василево-с.Градошорци е затворен во двата правци и сообраќајот е пренасочен по стариот пат, поради случена сообраќајна незгода, информираат од АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Сервисни информации

Претпладне сончево и топло, попладне со пороен дожд и грмежи наместа во форма на невреме

Објавено пред

Претпладне сончево и топло со променлива облачност која ќе се зголемува. Од пладневните часови, попладне и преку ноќта ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност од попладне со услови за нестабилност, пороен дожд и грмежи. Повремени врнежи ќе има и преку ноќта. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Во деновите од викендот и во ноќта кон недела ќе преовладува променливо облачно време, наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локална појава на невреме.

Во понеделник краткотрајно условите за нестабилност ќе се намалат, а од вторник во попладневните часови повторно ќе има појава на нестабилност со променлив интензитет со пороен дожд и грмежи.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија30 минути

Бришењето на македонскиот јазик и на идентитетот од извештајот е еднакво лошо за нас како да стоеше модерен, вели Мицкоски

По објавите на бугарските медиуми дека трите најголеми политички сили во Европскиот парламент (ЕП) се согласиле од извештајот за напредокот...

Македонија1 час

(Видео) Тренчевска: Срамно, со ребалансот власта крати 30 милиони евра од социјални трансфери за да се луксузира

Додека граѓаните се соочуваат со поскапувања, зголемена сиромаштија и се полош животен стандард, владата одлучува во најголемиот буџет во историјата...

Топ1 час

Вршеле обљуба врз малолетнички и снимале со мобилен: уапсени 18-годишник и малолетник од Тетово

Вчера во 15.30 и во 22.55 часот полициски службеници од СВР Тетово и ПО Камењане во с.Горно Седларце и во...

Македонија2 часа

Посакувам среќа да се победи во барем една општина: Костадинов до СДСМ по најавата за ново дејствување

Aктуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, објави на социјалните мрежи дека поради тешката состојба на неговата партија ќе започне со...

Топ3 часа

Затаила над 50 милиони денари, ниту пријавувала ниту плаќала данок: кривична за сопственичка од Кавадарци

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против С.Т во својство на сопственик, управител и...

Регион5 часа

(Фото) Масовна евакуација на туристи поради пожар на Крит

Голем пожар во Грција продолжува да беснее во источниот дел од островот Крит, откако избувна вчера попладне во тешко пристапна...

Европа6 часа

Украински функционер: Европа прави сè што може, но ќе биде тешко без американско оружје

Украина ги повика САД да продолжат со „континуираната“ воена помош, по изненадувачката најава дека некои испораки на оружје за Киев...

Европа6 часа

(Видео) Украинците уништија руско складиште за муниција, се шири снимка од огромна експлозија

Украина очигледно извршила напад врз руско складиште за муниција во градот Карцизк во окупираниот дел од Донецката област на 2...

Свет7 часа

(Видео) Траект потона во близина на Бали: четворица мртви, десетици исчезнати

Четири лица загинаа, 38 се водат како исчезнати, а 23 се спасени откако ферибот со 65 лица потона во близина...

Свет7 часа

Пентагон: Нуклеарната програма на Иран е забавена за две години

Пентагон објави дека американските напади ја уназадија нуклеарната програма на Иран за до две години, откако уништија три целни локации....

Свет7 часа

Во Лос Анџелес луѓето мора да живеат во токсични куќи по пожарот: „Осигурителните компании нè измамија“

Луис Казарес беше меѓу ретките чиј дом остана недопрен по разорните пожари што ја опустошија населбата Алтадена, североисточно од центарот...

Свет7 часа

ЦИА не оспорува дека Путин се обидел да му помогне на Трамп на изборите во 2016 година

Ревизијата на ЦИА откри недостатоци во подготовката на проценката на американското разузнавање дека рускиот претседател Владимир Путин се обидел да...

Македонија16 часа

Костадинов го замрзнува членството во СДСМ, најави ново политичко делување

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, соопшти дека го замрзнува членството во СДСМ, незадоволен од сегашното раководство и од насоката во...

Македонија16 часа

СДСМ објави 11 нови кандидати за градоначалници

Претседателот на Социјалдемократскот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата која...

Македонија20 часа

„Пулс“ ќе се суди во Основниот кривичен суд Скопје, предметот е доставен

Основниот суд во Кочани денеска го достави предметот за пожарот во „Пулс“ во Основниот кривичен суд Скопје, согласно одлуката на...

Македонија22 часа

Арсовска до Тошковски: До сега полицијата не постапуваше по заканите, сега се заканува, што е следно

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, вели дека полицискиот службеник Синан Алили ѝ упатил закани на социјалните мрежи. Во објава на...

Македонија23 часа

„Вреди“ бара истрага за намерна манипулација со бројот на Aлбанците на пописот

Од „Вреди“, известуваат дека ќе поднесат кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против поранешното раководство на Државниот завод...

Топ24 часа

Мотоцилистот удрил во пешакот и избегал, МВР со детали за трагичната несреќа на кејот

Мотоцикл „кавасаки“ го прегазил пешакот кој загина вчера на кејот на Вардар, во близина на Паркот на франкофонијата. Според информациите...

Македонија24 часа

50-60 магационирани БТР, „хермелини“ и „пинцгауери“ ќе гаснат пожари летово, им се вградуваат резервоари за вода, рече Мицкоски

Застарените и магационирани возила на министерствата за внатрешни работи и за одбрана се приспособуваат за гаснење пожари на непристапен терен....

Македонија1 ден

СДСМ поднесе 160 амандмани за ребалансот на буџетот

Овој ребаланс е фискално нереален, социјално штетен и без развојна компонента, изјави пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната собраниска...