Скопје
Без струја повеќе делови од Скопје

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, известува дека поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат следните корисници:
– од 8 до 15.30 часот дел од бул. Видое Смилевски – Бато (блокот спроти ПСС, згради бр. 1, 3, 5 и 9) (општина Аеродром);
– од 9 до 14 часот бул. Партизански одреди, зграда бр. 66 (општина Карпош);
– од 9 до 10 часот дел од ул. Лазар Димитров (од бр. 38 до бр. 45) и ул. Добромир Хрс (општина Кисела Вода);
од 9 до 13 часот ул. 3 во с. Горно Соње (општина Сопиште);
– од 9 до 15 часот корисниците од дел од с. Студеничани (од џамијата кон ОУ „Наим Фрашери“) (општинаСтуденичани);
– од 12 до 15 часот корисниците од дел од с. Морани (општина Студеничани).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Шанса за Центар: Болници, градинки и јавни претпријатија се греат на нафта за домаќинства и мазут

Според договорите за јавни набавки за една сезона во скопската котлина може да се изгорат над 2,7 милиони литри нафта за домаќинство што директно влијае на загадувањето на воздухот. На овој енергенс се греат огромен број на училишта, градинки и болници во целиот град, па дури и Институтот за белодробни заболувања кај децата во Козле.
Граѓанската иницијатива и советничка листа во општина Центар „Шанса за Центар“ изработи мапа која го покажува уделот на јавните институции во редот на загадувачите.
Мапирани се јавните објекти и установи кои се греат на мазут и екстра лесно масло за домаќинство. Од тука велат дека мазутот е исклучително „валкан“ енергенс, но не е за потценување ниту екстра лесното гориво кое содржи многу повеќе сулфур отколку на пример највалканото автомобилско гориво – дизелот. Иницијативата е децидна дека нема магично, ниту брзо решение на проблемо со загадениот воздух кој го дишеме. Загадувањето доаѓа од многу страни и потребни се многу пристапи.
„Јавни објекти во Скопје кои се загреваат на нафта за домаќинство и мазут има најмалку 100. Барем ние толку успеавме да пронајдеме. Сигурно има уште… Количината на мазут и нафта за домаќинство која тие ја согоруваат е голема. На пример, ЈСП во своите автобази, Железници транспорт и Клиниката за физикална медицина и рехабилитација ќе согорат стотици илјади килограми мазут сезонава. Со нафтата за домаќинство пак која се гори во една сезона може да се наполни повеќе од олимписки базен. А тоа потоа го дишеме. Според договорите за јавни набавки за една сезона во скопската котлина може да се изгорат над 2,7 милиони литри нафта за домаќинство! На нафта за домаќинство се огромен број на училишта, градинки и болници во целиот град. Дури и Институтот за белодробни заболувања кај децата во Козле користи нафта за домаќинство. Во скопската котлина една јавна установа – затворот Идризово, ќе изгори и 550 тони јаглен за загревање. Сето тоа заедно исто така придонесува за загадувањето на воздухот!“, велат од иницијативата.
Заклучуваат дека за да се промени начинот на греење кај домаќинствата е потребно повеќе време, напор, работа со граѓаните и пред сѐ прифатливи алтернативи за нив, но за да се промени начинот на греење кај институциите е полесно. Потребна е главно политичка волја и одлучност да се пристапи кон решавање на проблемот и таму да се насочат сериозни пари од буџетот.
„Ова е причина повеќе, покрај другите мерки, и да се продолжи со проширувањето на мрежата за парно греење на која треба да се приклучат сите јавни институции кои имаат пристап до неа. Општините пак да работат на забрзана замена на начинот на греење на оние јавни објекти кои се во нивна надлежности, а на кои градското парно им е недостапно“, предлагаат од „Шанса за Центар“.
Македонија
Аеродром е првата општина што воведува текбол во основните училишта

Инвестициите и проектите во спортот се важни за промоција на општината во меѓународни рамки, но и предуслов за создавањето на идните спортски таленти.
Аеродром е прва општина што во основните училишта го имплементира спортот текбол. Имплементацијата e резултат на соработката помеѓу Општина Аеродром и Меѓународната текбол-федерација, а која се реализира со поддршка од Македонскиот олимписки комитет.
Во рамките на оваа соработка, градоначалникот Тимчо Муцунски денес прими донација за Општина Аеродром, која вклучува 40 текбол-табли и 80 топки. Освен донацијата, соработката вклучува стручна поддршка за оспособување на наставниците од основните училишта, кои понатаму ќе треба да ги воведат и водат учениците во овој спорт.
Покрај ова, деновиве Општина Аеродром во спортскиот центар „Јане Сандански“ е домаќин на квалификациите за учество на Европските олимписки игри во текбол, кои ќе се одржат в година во Полска.
„Се радувам што токму Аеродром е домаќини на еден ваков настан, но и пионер во воведување нова спортска дисциплина. Силно верувам дека токму од училиштата во Аеродром ќе излезат идните локални, национални и меѓународни текбол-таленти“, истакна градоначалникот Муцунски и упати благодарност до Меѓународната текбол-федерација за реализацијата на денешната донација, но и за меѓусебната соработка и поддршка.
Македонија
Нов спортско-рекреативен центар на местото од дивата депонија во Оксиген, село Драчево

На местото од дивата депонија, која постоеше на 7.500 квадратни метри, Општина Кисела Вода гради модерен спортско-рекреативен центар, кој ќе ги збогати рекреативната содржина и обемот на зелените површини во овој дел на градот, изјави градоначалникот Орце Георгиевски, кој денеска изврши увид во градежните активности на локацијата позната како Оксиген.
Покрај многуте содржини за одмор и рекреација, тука ќе има и фитнес-зона и фудбалско и игралиште за баскет, а центарот ќе носи и ново име, името на загинатиот бранител од Втората пешадиска бригада, Теодор Стојановски-Тоше, кој потекнува токму од Драчево.
„Се наоѓаме во селото Драчево, на местото наречено Оксиген, поранешна култна локација, а потоа со децении оставено на забот на времето, што резултира со нејзино прераснување во дива депонија. Како што забележувате, наместо досегашниот наталожен отпад и непријатна глетка, тука се одвиваат градежни активности за изградба на модерен спортско-рекреативен центар. Тој ќе ги збогати рекреативната содржина на општината и обемот на зелените површини во градот. Како достојно место за одмор и рекреативно спортување, новиот простор ќе нуди многубројни содржини распоредени на речиси 7.500 квадратни метри. Детското катче, пешачките патеки, скверот, летниковците, надополнети со фонтани, урбана опрема и многу зеленило, кое ќе се одржува преку систем за самонаводнување, ќе го направат ова место привлечно за сите. Спортскиот дух, пак, ќе може да се развива на новите современи спортските игралишта за фудбал, за баскет, кои ќе бидат осветлени, а поставуваме и фитнес-справи. И, финално, овој комплекс, кој очекуваме да биде новото збирно место за сите наши жители, но најмногу на оние што живеат во околината, односно во Драчево, се одлучивме тој да носи и ново име и тоа да биде името на загинатиот бранител од втората пешадиска бригада, Теодор Стојановски-Тоше, кој потекнува токму од Драчево. Воедно, во паркот ќе биде поставена и неговата биста. Децениската негрижа и ерата на празни ветувања завршуваат и тоа најдобро се гледа преку реализацијата на вакви проекти, а ние како Општина, како локална самоуправа, имаме сериозен план да создадеме нов подобар лик на местото во кое живееме и еден нов систем на вредности во кој најважни ќе бидат довербата и почитувањето на дадениот збор“, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.