Контакт

Скопје

Град Скопје ќе ги донира планираните средства за новогодишната прослава за нов пункт за бездомници

Објавено пред

 

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и претседалелот  на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, во средата го посетија Пунктот и Прифатилиштето за бездомни лица, лоциран во Момин Поток им поделија хигиенски пакети, пакети со прехранбени производи и гумени чизми  и го најавија новиот проект за проширување на неговит капацитет за кој Градот Скопје ќе ги донира планираните средства за Новогодишната прослава од два милиони денари.

 

„Сега имаме нов проект од Црвен крст за проширување на капацитетот за сместување на бездомни лица, односно за уште еден контејнер со 16 легла и повеќе туш кабини и јас на следната седница на Советот на Град Скопје ќе предложам средставата  во износ од два милиони денари кои беа предвидени за Новогодишната прослава во градот да ги намениме за проширување на капацитетот за сместување на бездомни лица во пунктот  во Момин Поток“, истакна градоначалникот Трајановски.

 

„Градот Скопје во соработка со Црвениот крст на Град Скопје, континуирано го помага работењето на овој центар, а во 2011 година го отвори Прифатилиште за згрижување и привремено прифаќање на лицата бездомници кое овозможува засолниште, дневен престој со оброк, здравствена заштита, услови за одржување хигиена и други психосоцијални услуги. Бездомниците во овој центар добиваат хигиенски услуги, чисти алишта, берберски услуги, лекарски преглед и неопходни лекарства, разговор и совети од психолог и топол оброк. Градот Скопје за набавка на сместувачки капацитети во 2011 година издвои 1.400.000 денари и со отворањето на Прифатилиштето, капацитетите на постојниот Пункт на Црвен крст се зголемија за 60  квадратни метри.  Просторот е опремен сo 16 кревети, тоалети, кабина за туширање, чајна кујна и други неопходни средства за функционирање на Пунктот со што  може да одговори на потребите на овие лица“, додаде тој.

 

Пунктот за бездомници на Црвен крст на град Скопје е отворен во 2008-та година, и во текот на работната недела работи во понеделниците кога бездомниците добиваат хигиенски услуги и секој петок кога добиваат и чисти алишта, лекарски преглед и неопходни лекарства, разговор и совети од психолог, оброк и топол напиток. Транспортот на корисниците на услуги на пунктот го обезбедува Црвениот крст и тоа од неколку локации во градот и по добиените услуги, бездомниците повторно се враќаат на истата локација.

 

Прифатилиштето ги нуди своите услуги и во ситуации кога температурите надвор се многу високи или ниски со цел да се згрижат привремено и да се избегне смртноста кај оваа група на граѓани.

 

Црвениот крст на град Скопје, со поддршка на Град Скопје и годинава од 30-ти декември 2016-та година, поради екстремно ниските температури им понуди 24 часовно згрижување на бездомниците. Изготвен е логистички план кој вклучува ангажиран тим кој функционира 24 часа и е воедно мобилен и спремен да ги преземе бездомниците од местата каде што се лоцирани. Од неговото отворање па до сега секоја зима во прифатилиштето се реализираат акции за згрижување од студен бран кога се сместуваат во просек 20 лица, а во текот на годината заради болест се згрижуваат во просек 5-10 лица.

 

Градоначалникот Трајановски им се заблагодари на вработените и на волонтерите во Црвениот крст на Град Скопје за нивната посветоност во помагањето на бездомните лица за да им се подобрат условите на живот и за ангажирањето на едно нивно возило за превоз на бездомните лица до Пунктот.

 

Секретарот на Црвениот крст на Град Скопје, Сузана Тунева-Пауновска се заблагодари за поддршката на Градот Скопје со помош на која им го олеснуваат животот на бездомните лица.

 

Бездомниците може да го повикаат тимот од Пункот на телефонскиот број 3139 578 во Дирекцијата на Црвениот крст на град Скопје.

 

Вкупниот трошок за функционирање на пунктот на годишно ниво изнесува 1.700.000 денари, од кои 500.000 ги обезбедува Град Скопје, а преостанатите се обезбедуваат од буџетот на Црвениот крст на град Скопје, како и од други донатори./крај/мф/бс

 

 

 

 

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Делови од Кисела Вода денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

– во периодот од 08.00 до 12.00 часот, корисниците од улицата 1519, населба Каменик во Кисела Вода – позади Стаклара, општина Кисела Вода.

Прикажи повеќе...

Македонија

Без вода дел од Центар

Објавено пред

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради уличен дефект на улицата Капештец 21, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, општина Центар.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Објавено пред

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.

Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Времето во наредните денови

Следува период на променливо облачно и релативно топло време. Во петок и во деновите од викендот времето ќе биде претежно стабилно и ќе дува умерен до засилен северен ветер. Од понеделник повторно се очекуваат локални врнежи од дожд и изолирана појава на грмежи.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт3 часа

(Видео) Стразбур со супер пресврт против Мајнц, АЕК не успеа да приреди чудо

Стразбур изведе спектакуларен пресврт против Мајнц за пласман во полуфиналето, во Конференциската лига, каде од вечерва се уште Шахтјор, Рајо...

Спорт3 часа

(Видео) Спектакуларен пресврт на Брага, Вила ја растури Болоња, во полуфиналето е и Нотингем Форест

По реванш натпреварите од четвртфиналето на Лигата на Европа, комплетиран е списокот на полуфиналисти. Во првиот термин, Фрајбург повторно победи...

Свет4 часа

Бланар: Словачка e подготвена да го блокира новиот пакет санкции на ЕУ против Русија

Словачка е подготвена да го блокира новиот пакет санкции на Европската Унија против Русија, но нема да се спротивстави на...

Свет5 часа

Захарова: Германија е главен спонзор на војната во Украина

Германија се претвори во главен спонзор на војната во Украина и има една од главните улоги во милитаризацијата на Украина,...

Свет5 часа

Фицо за ЕУ: Прекрасен проект во лоши раце

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека Европската Унија останува силен и вреден проект, но дека нејзиното сегашно управување е во...

Свет5 часа

Трамп: Имам право да не се согласувам со папата

Американскиот претседател Доналд Трамп, зборувајќи со новинарите пред Белата куќа пред да замине за Лас Вегас, рече дека прекинот на...

Свет5 часа

Закана за бомба во домот на братот на папата Лав

Полицијата во Илиноис потврди дека вчера вечерта е примена закана за бомба во домот на Луис Привост, братот на папата...

Спорт6 часа

Загина Алекс Манингер

Поранешниот голман на Ливерпул, Арсенал и Јувентус, Алекс Манингер, загина во сообраќајна несреќа во четврток. Поранешниот голман на австриската репрезентација...

Спорт6 часа

(Видео) Фрајбург ја размонтира Селта

Фудбалерите на Фрајбург ја декласираа Селта во реваншот со 3:1 и со вкупен резултат од 6:1 се пласираа во полуфиналето...