Скопје
Фрлени 140 тони сол на градските улици и булевари
Екипите на зимската служба на Град Скопје во текот на изминатата ноќ и до 13 часот фрлија 140 тони сол на градските булевари и улици, особено на критичните места, соопштуваат од Град Скопје.
Екипите на зимската служба со возилата со ринење интервенираа низ градските сообраќајници и на критичните точки односно на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и високите зони кон Водно, Пржино, Железара, како и на сите други таканаречени „црни точки“ во градот.
Екипите нa ЈП „Комунална хигиена“ се на терен и го расчистуваат снегот и мразот од во сите скопски општини. Зимската служба на Градот будно ја следи состојбата на терен и ќе интервенира според потребите.
Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.
Апелираме до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти, велат од Град Скопје./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Една од најмасовните акции за чистење на депонии се спроведува денеска во Општината
Една од најмасовните акции за расчистување на диви депонии од утрово се спроведува на територијата на општина Кисела Вода. Во оваа голема еколошка акција вклучена е силна механизација составена од 11 скипови, 2 багери и 25 камиони со кои се расчистуваат повеќе од десет критични точки, извести Општината.

На терен интензивно работат сезонските работници ангажирани од Општина Кисела Вода. Во координација со екипите на јавните претпријатија „Паркови и зеленило“ и „Комунална хигиена“. Значајна поддршка дадоа и повеќе општествено одговорни компании кои ја отстапија својата механизација, велат од Општината.

„Денес спроведуваме една од најмасовните и најсериозните акции за расчистување на депониите во општина Кисела Вода. Утрово, започнавме со силна механизација, 11 скипови, 2 багери и 25 камиони се на терен и работат со полн капацитет.

Акцијата опфаќа над десет критични точки на нашата територија. Со нивното расчистување не само што го враќаме убавиот лик на општината, туку пред сè, преземаме конкретен чекор за заштита на животната средина и здравјето на граѓаните. Отстрануваме огромни количини отпад кој ја загадува почвата и природата во Припор, во Драчево, кај Теферич, кај Охис, кај селото Аџево и на низа други локации. Овој голем потфат е резултат на заедничка работа. Покрај нашите општински сезонски работници и екипите на јавните претпријатија „Паркови и зеленило“ и „Комунална хигиена“, огромна благодарност упатувам и до општествено одговорните компании кои се вклучија и ја отстапија својата механизација.

Борбата за чиста животна средина е континуиран процес. Оваа масовна акција е огромен чекор напред кон враќање на редот во Кисела Вода, но за да ја задржиме хигиената, неопходна ни е поддршката од сите. Општината е тука, работи интензивно на терен, но само со заедничка грижа и одговорност ќе спречиме повторно создавање на овие грди слики. Продолжуваме посветено да работиме за почиста и поубава Кисела Вода“, изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

Македонија
(Видео) Мицкоски од Ѓорче Петров: Продолжуваме со инвестиции во образованието, започна доградбата на училиштето ООУ Страшо Пинџур
Премиерот Христијан Мицкоски присуствуваше на поставувањето на камен темелник за доградба на ООУ „Страшо Пинџур“ во Ѓорче Петров.
„Овој тип на инвестиции се многу значајни за квалитетот на образованието на нашата иднина, тоа се децата. Ние како Влада ќе продолжиме да поддржуваме ваков тип на проекти.

Од ова што можевме да го слушнеме од градоначалникот и во оној неформален дел да го поразговараме, има уште неколку вакви проекти во периодот којшто следи во деновите, во неделите. И секогаш сум тука да ги поздравам овие проекти и да ги поддржиме овие проекти. Така било, така и ќе биде и во иднина“, кажа Мицкоски.
Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Депонијата Вардариште станува минато!
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на социјалните мрежи објави видео од депонијата Вардариште.
„Започнат е процесот на одгасување, што води чекор поблиску до новите бели дробови на Скопје“, порача Ѓорѓиевски.
