Скопје
Ѓорѓиевски: ООУ ,,Рајко Жинзифов” и ,,Кирил Пејчиновиќ” добиваат сензорни соби

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски беше во посета на ООУ ,,Рајко Жинзифов” во Драчево каде објави дека за десетина дена ќе пристигне опремата за опремување на сензорните соби во овие две основни училишта. Се работи за целосно опремување со сензорно осветлување со смирувачко дејство и реквизити.
„Денес бев во посета на училиштето ,,Рајко Жинзифов” кое заедно со ,,Кирил Пејчиновиќ” добиваат сензорни соби.
Во овој момент течат финалните подготовки на просториите за кои веќе е нарачана опремата составена од реквизити, посебни материјали и сензорно осветлување со смирувачко дејство кои ќе пристигнат за десеттина дена.
Со овие две нови, како и во ,,Партенија Зографски” за кое бараме соодветна просторија за преадаптација, го завршуваме циклусот на обезбедување на сензорни соби во сите основни училишта на територијата на општина Кисела Вода. Останува уште ООУ ,,Климент Охридски” за кое веќе се подготвува проект за целосно нов објект и веднаш после изградбата ќе добие исто така, сензорна соба“, кажа тој.
Спопред него, инклузијата на лицата со посебни потреби стои високо на листата на приоритети и се прават сериозни чекори во практикување на нивен еднаков третман во образовниот систем, како и во сите сфери на општеството.
„За две години од мојот мандат, дечињата со посебни потреби кои се вклучени во редовната настава имаат соодветни услови за образование.
Мојата грижа за нив е континурана и секогаш ќе биде, бидејќи тие заслужуваат еднаков третман“, изјави Ѓорѓиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја утре дел од општината Студеничани

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 15.00 часот, објектите лоцирани на депонијата Дрисла, како и корисниците лоцирани од влезот на село Батинци кон депонијата Дрисла, општина Студеничани.
Македонија
Дел од Гази Баба денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта промена на затварач (шибер) од Ф 80мм на ул.Јани Лукровски бр.1 (кај Б.П Мак Петрол), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Јани Луковски, улицата 16-та Македонска Бригада, улицата Трифун Хаџијанев и улицата Лазар Поптрајков, општина Гази Баба.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување.
Македонија
Карпош, Аеродром и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
-во периодот од 09.00 до 13.30 часот, корисниците од М.В. Село, Злакуќани, засегнати и корисниците кои се напојуваат од МРО-4 на фундамент пред ATLANTIK MARCELLA (општина Карпош)
-во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул. Врполе, дел од ул. Илија Димовски-Гоче, дел од ул. Мите Богоевски и дел од ул. Михаил Глинка (општина Аеродром)
-во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. Шандор Петефи (општина Кисела Вода)
-во периодот од 11.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од ул. Ацо Шопов и Марк Твен (општина Карпош)