Скопје
Беќаровски за загаденоста: Добро што елката не ги мами децата да прошетаат до плоштад
Добро што елката не ги мами децата да прошетаат до плоштад, вели д-р Нико Беќаровски, од Универзитетската клиника за токсикологија, укажувајќи на загаденоста на воздухот вечерва и на опасноста на која се изложени децата поради високото ниво на ПМ10 честичките.
„Секое лошо, за добро е“, додава тој во објава на социјалните мрежи, споделувајќи фотографија од мерење направено пред неколку часа.
Како што претходно објави „Макфакс“, според податоците на апликациите за мерење на квалитетот на воздухот, во скопските населби ПМ10 честичките се далеку над дозволените граници.
Високо ниво на загаденост е регистрирано и во Струмица, Охрид, Тетово, Кичево, Кавадарци и Велес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден и од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот корисниците од ул 27 Белимбегово (општина Илинден)
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот корисниците од дел од улица 2 во село Кадино, кон Црквата СВ.Илија (општина Илинден)
· во периодот од 11.00 до 14.00 часот дел од корисниците на ул.Љубљанска (општина Карпош)
Македонија
(Фото) Втора вечер на Новогодишниот базар во Чаир
Вчера се одржа втората вечер на Новогодишниот базар во Чаир, на Плоштад Скендербег, продолжувајќи ја празничната атмосфера што го одбележува овој настан. Плоштадот беше исполнет со бројни граѓани кои уживаа во декоративните светилки, празничните штандови и новогодишниот дух, велат од општина Чаир.

Вечерта започна со детска музичка програма, со песни и празнични настапи за најмладите, по што атмосферата продолжи со музика од DJ Едмир, создавајќи жив и пријатен амбиент за сите генерации.

Новогодишниот базар во Чаир продолжува и во наредните вечери, носејќи дополнителни содржини и празнична живост во пресрет на новата година.




Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен приклучок Ф200мм. на улица Титовелешка бб.со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од населбата Маџир Маало, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:30 часот до завршување на работните активности.

