Скопје
Во текот на една недела санкционирани 221 непрописно паркирани возила во Центар
ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар, во соработка со Сообраќајната полиција – Скопје, во текот на една недела санкционираа 211 непрописно паркирани возила, кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
Во периодот од 21.8. до 27.8.2023 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 119 непрописно паркирани возила, а со поставување механичко средство „блокатор“ санкционирани се 102 возила, кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници резиденти на секторот во кој биле паркирани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково
Дел од корисниците на Волково и Кучково во Општина Ѓорче Петров од 7 до 16 часот ќе немаат електрична енергија.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, прекинот на струја е поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа.
Скопје
Неколку скопски општини утре ќе останат без струја
Без електрична енергија утре од 07:00 до 16:00 часот ќе останат дел од корисниците во населените места Волково и Кучково, општина Ѓорче Петров.
Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекинот е поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа.
Скопје
Дел од Карпош без струја
ЕВН Македонија АД и Регионалниот центар за управување со кризи-Град Скопје, ги известува граѓаните дека, поради планирани технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· Во период од 09:00 – 12:00ч дел од корисниците во с. Бардовци ( о.Карпош);
· Од 09:30-14:00ч корисниците од ул.Дрезденска (о.Карпош).