Контакт

Скопје

Герасимовски: Бесплатни стоматолошки услуги за сите деца до 18 години и социјално загрозените семејства

Објавено пред

Општина Центар е првенец во обезбедување бесплатни услуги за своите граѓани. Денеска, на одбележувањето на Светскиот ден на оралното здравје, градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски заедно со претставници од Стоматолошкиот факултет ги промовираа новите бесплатни услуги за граѓаните. Станува збор за користење услуги од областа на болести на устата и пародонтот, орална хирургија, болести на забите и ендодонтот, стоматолошка протетика и услуги од областа на детска и превентивна стоматологија. Услугите ќе бидат достапни за сите деца до 18-годишна возраст и сите социјално загрозени семејства со потврда од МТСП кои се жители на територија на Општина Центар.

dobivaj vesti na viber

„Оралното здравје е исклучително важно за целокупното здравје на секој човек. За жал, како граѓани навикнати сме да ги посетуваме стоматолозите тогаш кога веќе имаме проблем или болка. Затоа со обезбедувањето бесплатни стоматолошки услуги ние имаме за цел да ги доближиме услугите до граѓаните со цел нивно почесто користење. Здравите навики се стекнуваат од мали нозе и за тоа денеска ни помогна професорката Елизабета Ѓоргиевска од Стоматолошкиот факултет со цел да ја развиеме свеста за важноста на оралното здравје“, истакна Герасимовски.

Заинтересираните лица за користење на услугите ќе може да закажат термин од понеделник до петок, од 08:00 до 14:00 часот, на телефонскиот број на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје, Стоматолошки факултет-Скопје или на 071 223-320 по принципот прв дојден прв услужен. На веб страната на општината https://www.centar.gov.mk/?p=20359 може да се прочитаат и потребните документи за користење на бесплатните услуги.

Преку обезбедувањето на овие бесплатни услуги Општина Центар овозможува децата од предучилишна и училишна возраст, како и  граѓаните од социјално загрозени семејства и корисниците на пензија до добијат поголем обем на стоматолошки здравствени услуги што ќе бидат сеопфатни, квалитетни, превентивни и куративни услуги. Воедно, општината ја зголемува свесноста за потребата за грижа за оралното здравје и превенцијата на оралните заболувања кај индиректните корисници и др..

Општина Центар досега неколкупати ги прошири проектите кои обезбедуваат бесплатни стоматолошки услуги за граѓаните. Најпрво, тие опфаќаа ученици во социјален ризик, потоа деца од градинките кои доаѓаат од социјално загрозени семејства, а  минатата година проектот се прошири и на пензионерите, односно лицата со навршени 62 години. Од денеска оваа услуга ги опфаќа сите деца и ученици до 18 годишна возраст како и сите членови на социјално загрозените семејства на територија од Општина Центар. Во рамки на денешното обележување на Светскиот ден на оралното здравје учениците од центраските училишта цртаа цртежи кои ги прикажуваа како се оралната хигиена.

Општина Центар ќе продолжи да ги проширува проектите кои го унапредуваат здравјето на сите граѓани во општината.

Скопје

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Објавено пред

Дел од корисниците на Волково и Кучково во Општина Ѓорче Петров од 7 до 16 часот ќе немаат електрична енергија.

dobivaj vesti na viber

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, прекинот на струја е поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа.

Прикажи повеќе...

Скопје

Неколку скопски општини утре ќе останат без струја

Објавено пред

Без електрична енергија утре од 07:00 до 16:00 часот ќе останат дел од корисниците во населените места Волково и Кучково, општина Ѓорче Петров.

dobivaj vesti na viber

Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекинот е поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа.

Прикажи повеќе...

Скопје

Дел од Карпош без струја

Објавено пред

ЕВН Македонија АД и Регионалниот центар за управување со кризи-Град Скопје, ги известува граѓаните дека, поради планирани технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

· Во период од 09:00 – 12:00ч дел од корисниците во с. Бардовци ( о.Карпош);

· Од 09:30-14:00ч корисниците од ул.Дрезденска (о.Карпош).

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 минута

Полицијата во САД уби ученик пред училиште во Висконсин по пријава за пукање

Американската полиција  убила ученик пред средно училиште во Висконсин, откако добила дојава дека таму има вооружено лице, изјави Џош Кол,...

Македонија6 минути

Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт, велат од...

Свет17 минути

При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица

Бројот на загинати во уривањето на дел од автопатот во јужната кинеска провинција Гуангдонг се искачи на 36, соопштија локалните...

Свет19 минути

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека е „убаво да се гледа“ како полицијата во Њујорк упадна во зградата на...

Свет34 минути

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди поширокото подрачје на Лос Анџелес, соопшти Сеизмолошкиот институт...

Македонија11 часа

Силјановска: Како никој не се сети да им каже во ЕУ дека самите во член 4 гарантираат немешање во внатрешните работи и почитување на уставните структури

Како може некому да ветите дека ќе го смените Уставот, кога Уставот може да го сменат само пратениците во Уставот....

Македонија12 часа

СДСМ за Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци и во тоа нема ништо социјалдемократски ниту вредносно туку единствено и...

Македонија13 часа

Пендаровски: Не велам дека Европската преговарачка рамка е во ред, ама е договорена од 27 држави – ние или ја прифаќаме, или ја одбиваме

Во вечерашниот телевизиски дуел помеѓу двата претседателски кандидати, Пендаровски се осврна на неговиот концепт за напредок на државата, за кој,...

Свет16 часа

Борел: Западен Балкан има историска можност да ја поврзе својата иднина со ЕУ

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жосеп Борел,  по повод 20-годишнината од најголемото проширување на ЕУ, изјави...

Македонија17 часа

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отварање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска по повод празникот на трудот Први Мај организираше пикник во Пелинце. Претседателот на...

Македонија19 часа

Демократски сојуз: Народот не може да создаде толку колку што власта може да украде

Демократскиот сојуз на сите работници им го честита Меѓународниот Ден на правата, 1-ви Мај. „Во услови на влошена економско-социјална положба...

Македонија20 часа

„Колку повеќе не напаѓаат посилни не прават“ – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов на денешниот протест порача дека работниците даваат црвен картон на Врховниот судот за неговата одлука...

Македонија20 часа

Европски фронт: Ветингот, услов за нова Влада

Арта Билали Зендели, претставник на Европскиот фронт  на прес- конференција истакна дека ветингот ќе биде услов за новата Влада. Според...

Македонија21 час

СДСМ не ја прифаќа понудата на Максим Димитриевски

Граѓаните и гласачите на СДСМ веќе ја препознаваат измамата која им е сервирана од страна на ЗНАМ и непринципиелните коалиции....

Македонија22 часа

Силјановска Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Гордана Силјановска-Давкова порача од Струмица дека ќе се вивне политичкиот вулкан како отпор на феудалните енклави на замислените европјани. „Во...

Македонија23 часа

Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС, со распределбата на ваучерите направен милионски криминал, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Милионерот Дарко Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на Агенциојата за млади и спорт, АМС, со распределбата на ваучерите направен...

Македонија23 часа

Од денеска жичницата на Водно ќе работи два часа повеќе од досега

Од ЈСП Скопје информираат дека дека поради празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, јавниот превоз ќе сообраќа по...

Македонија23 часа

Колони возила на Богородица, се чека и по еден час

Според информациите на граничниот премин Богородица за излез од Македонија се чека и по еден час за возила кои се...

Свет24 часа

Небензја: Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница

Рускиот амбасадор во Обединетите нации Василиј Небензја изјави дека Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница во Генералното собрание на...

Свет24 часа

Шојгу нареди да се обезбеди повеќе оружје за војната во Украина

Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу нареди што поскоро да се обезбеди поголемо количество оружје за воената операција во...