Скопје
Герасимовски: Најсовремената градинка „Пролет“ го доби финалниот изглед
Градинката „Пролет“ го доби финалниот изглед. Денеска, градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, направи увид го градежните работи на градинката, која треба да згрижи нови 150 дечиња од населбите Пролет и Маџир Маало.
„Градежните зафати во градинката ‘Пролет’ течат одлично. Фасадата, која е енергетски ефикасна, е веќе завршена и периодов се работи на внатрешноста. Преградните ѕидови се исто така речиси завршени и набргу ќе почне да се работи на подовите. При крај е и изведувањето на електричната и водоводната инсталација. Иако Општина Центар нема листи на чекање за упис на дечиња во градинките, изградбата на оваа градинката ќе го намали притисокот во околните градинки, но и ќе им го реши проблемот на многу родители од овој реон од Пролет и од Маџир Маало, кои своите деца сега ги носат во градинките во другите населби. Исто така, значајно е што градинката ќе располага со најсовремени безбедносни системи за противпожарна заштита“, изјави Герасимовски.
Градинката „Пролет“ е прва што се гради во општина Центар по цели 50 години и е целосно финансирана од општинскиот буџет. Новата градинка се простира на површина од 3.276 квадратни метри и ќе биде најголема детска градинка во државата со надворешно игралиште, до кое ќе може да пристапат и деца со попреченост во движењето.
Градинката ќе може да згрижи 150 дечиња на две нивоа и ќе има лифт за лица со инвалидитет и попреченост во движењето, просторија за лекар и изолација за дете, сопствена кујна наменета само за потребите на децата, посебен лифт за достава на храна по хасап-системот, сплинкери за противпожарна заштита со водна завеса во неколку простории и противпожарни врати во занималните и посебните делови на објектот. Градинката поседува и подземен паркинг за вработените и родителите на децата.
Општина Центар работи на инклузивноста во образованието и на најсовремени и квалитетни услови за престој на децата и идните генерации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Во текот на минатата недела отстранети 𝟨𝟣𝟧 кубни метри отпад од диви депонии
Во текот на изминатата недела, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 615 кубни метри отпад од диви депонии на територијата на градот Скопје.

„Приближно 25 кубни метри непрописно одложен мешан комунален и кабаст отпад беа отстранети од улицата Џон Кенеди, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“, каде што веќе подолг период е забележано континуирано одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини.

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 21 записник за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота, од коишто 13 записници се врачени на територијата на скопската општина Чаир.

Воедно, Претпријатието продолжува со секојдневно одржување на јавната хигиена преку рачно и машинско метење на булеварите и поголемите улици, плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија“, соопшти Комунална хигиена-Скопје.




Македонија
Без струја делови од Центар, Кисела Вода, Сопиште, Гази Баба и Карпош
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.00 до 16.00 часот, корисниците од ул. Мирослав Крлежа лоцирани позади грчка амбасада, како и стамбените објекти и локалите на бул. Партизански Одреди од бр. 19 до бр. 23, општина Центар;
– во периодот од 08.30 до 13. 40 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани на потегот од маркет Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. 8, како и дел од корисниците од ул. 12 во село Долно Соње, општина Сопиште;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од улиците 30, 36 и 38 во населба Трубарево, општина Гази Баба;
– во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците од бул. Партизански Одреди бр. 70Б – ТЦ АЛУМИНКА, општина Карпош;
-во периодот од 11.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од ул. Женевска, општина Карпош.
Македонија
Делови од четири скопски општини денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради изведување на водоводен приклучок на ул.Борис Трајковски 212, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (место викано Каменик). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности, општина Кисела Вода;
· поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на ул.Варшавска 4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Варшавска и дел од бул.8-ми Септември. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности, општина Карпош;
· поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.Боца Иванова бб(за АБЦ Комерц), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Боца Иванова,Томе Пуре, Душко Поповиќ, Александар Бујнов, Бетовенова и дел од Петар Манџуков. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности, општина Бутел;
· поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул.20 –ти Октомври 44 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности, општина Центар.

