Скопје
Герасимовски: Ја ставаме во функција алатката „Мој буџет“
Општина Центар ја става во функција алатката „Мој буџет“ на веб-страницата на општината преку која граѓаните ќе може да направат преглед на приходите и расходите во нацрт-буџетот на Општина Центар за 2024 година и партиципативно да учествуваат во креирање на буџетот за наредната година. Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, појаснува дека покрај буџетските форуми, на кои граѓаните предлагаат проекти, Општината ја става во функција и оваа алатка со цел да се види мислењето на граѓаните за издвоените средства за одделните ставки, како заштита на животна средина, образование, социјална заштита и др.
„За да ја користат алатката ‘Мој буџет’, граѓаните може да изберат некоја од понудените ставки и со едноставно движење низ платформата да го изменат буџетот според сопствено видување, а потоа од десната страна со движење надолу неопходно е да се регистрираат со цел да ги поднесат измените. Секоја измена на буџетските средства може да се движат исклучиво во рамките на нацрт-буџетот и тој мора да е балансиран пред да се предаде како предлог. Сметам дека преку оваа алатка граѓаните ќе ја споделат со нас својата визија за општинските приоритети“, смета Герасимовски.
Алатката „Мој буџет“ граѓаните може да ја најдат на веб-старницата на Општина Центар или преку линкот. Со цел отчетност и транспарентност Општина Центар ги вклучува граѓаните во креирањето на буџетот на неколку начини, меѓу кој и ставањето во функција на ова алатка. В понеделник, 18.12.2023 година, Општината ги кани сите граѓани да дојдат на втората сесија од буџетските форуми за буџетот во 2024 година во ООУ „Киро Глигоров“ од 18 часот. Целта е да се дискутира за предлозите и проектите што ќе го унапредат животот во Центар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Делови од општините Кисела Вода и Центар без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска без вода ќе бидат делови од општините Кисела Вода и Центар.
· Поради изведување на водоводен приклучок Ф 200“ на улица Иван Козаров бр.49, без вода ке останат корисниците од улиците Иван Козаров, Божидар Аџија, Марко Цепенков, Доситеј Обрадовиќ, Киро Крстевски, дел од улица Вера Јоциќ и дел од улица Георги Димитров во општина Кисела Вода од 09:00 часот до завршување;
· Поради дефект на приклучна цевка Ф1” на улица 11 Октомври бр.бб (пред ресторан Ив), без вода ке останат корисниците на дел од улицата 11 Октомври (потегот од Билна Аптека до Рампа) во општина Центар, од 09:00 часот до санирање на дефектот.
Скопје
Без струја делови од општините Илинден и Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат делови од општините Илинден и Шуто Оризари.
· Од 08:30 до 14:00 часот корисниците од село Дељадровци во општина Илинден;
· Од 09:30 до 13:30 часот корисниците од село Горно Оризари, Фарма „Глуво“ село Голиево, Пречистителна Станица Бразда, Стопански Објект на „Гранит“, „Златомир“, „Данчо Ацков“ во општина Шуто Оризари.
Скопје
Од сабота скопската зоолошка повторно ги отвора вратите за посетителите
Зоолошката градина во Скопје повторно ќе биде отворена за посетители од сабота откако во октомври беше потврден случај на птичји грип.
– Ве известуваме дека од оваа сабота (09.11.2024) Зоолошка градина на град Скопје повторно ќе биде отворена за посетители со редовно работно време од 09:00-16:00 секој ден. Да уживаме заедно во убавите есенски и сончеви денови, ве очекуваме, стои во објавата на Фејсбук.
ЗОО Скопје беше затворена за посетители откако беше потврден случај на птичји грип. Беше спроведен надзор и хумано убивање на 24 патки, шест гуски, пет кокошки и една чавка. Беа наредени мерки за дезинфекција, испитување на другите птици присутни во Зоолошката градина за присуство на вирусот, зголемување на биосигурносните мерки и други мерки, со цел сузбивање на болеста и спречување на нејзино ширење надвор од Зоолошката градина кај животните и кај луѓето.