Скопје
Град Скопје го одбележа 1 Март – Денот на нулта дискриминација
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска во средното училиште на Град Скопје „Јосип Броз Тито“ ја отвори панел дискусијата, организирана по повод одбележување на глобалниот Ден на нулта дискриминација. Со денешниот настан се одбележува Денот на нулта дискриминација, кој има за цел да промовира различност, толеранција и инклузија.
Градот Скопје со скопските средни училишта континуирано работи, како што информираат на подигнување на свеста за негативните ефекти од дискриминацијата, како и за реализација на мерки и активности за инклузивност во училиштата.
„Од суштинско значење се заедничките напори за спротивставување на дискриминацијата меѓу младите во сите нејзини форми, да се препознае вредноста на различноста и да се промовира инклузија и толеранција градејќи праведно и рамноправно општество“, се истакнува во информацијата од Град Скопје.
На денешната панел дискусија учествуваа скопските средношколци, стручни лица, експерти, училишните психолози и педагози, директорите на училиштата кои дискутираа за организацијата на средните училишта во насока на превенција од дискриминација. На настанот се разговараше и за видовите на дискриминација со кои се среќаваат учениците, како и за последиците односно за чувствата на учениците кои се изложени на дискриминација. Заклучоците од панел дискусијата беа во форма на мерки за заштита од дискримнација, со акцент на правните механизми за заштита, а се одржа и отворена дискусија со учениците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Неколку скопски општини утре ќе останат без струја
Без електрична енергија утре од 07:00 до 16:00 часот ќе останат дел од корисниците во населените места Волково и Кучково, општина Ѓорче Петров.
Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекинот е поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа.
Скопје
Дел од Карпош без струја
ЕВН Македонија АД и Регионалниот центар за управување со кризи-Град Скопје, ги известува граѓаните дека, поради планирани технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· Во период од 09:00 – 12:00ч дел од корисниците во с. Бардовци ( о.Карпош);
· Од 09:30-14:00ч корисниците од ул.Дрезденска (о.Карпош).
Скопје
Муцунски: Аеродром го заслужува најдоброто, започнува реализацијата на голем капитален проект
Градоначалникот на Општина Аеродром, заедно со претседателот на советот, Дејан Митески и директорката на основното училиште „Блаже Конески“ утрово на работен состанок ја утврдија динамиката по која до крајот на оваа школска година треба да започне реконструкцијата и доградбата на основното училиште „Блаже Конески“.
„Станува збор за важен инфраструктурен проект, онаков каков што заслужуваат граѓаните на Аеродром. По неговото финализирање, Аеродром ќе добие модерно и современо училиште, направено согласно сите европски стандарди, училиште кое ќе биде пример за квалитетна градба, одржливост и енергетска ефикасност“, истакна градоначалникот Муцунски во својата објавата на Фејсбук.
Тој додаде дека најважно од се е што реконструкцијата и доградбата нема да го наруши нормалното функционирање на училишните активности, а нивната организација ќе биде направена во консултација и согласно барањата на родителите, со кои утрово Муцунски одржа состанок.