Скопје
Општина Центар почнува со изведба и реконструкција на пешачки патеки и тротоари во Ново Маало, Водно и Буњаковец
Општина Центар, по барање на граѓаните, почна со изведба на нови и реконструкција на постојни пешачки патеки и тротоари во Ново Маало, Водно и улицата Никола Тримпаре во населбата Буњаковец.
Општина Центар почна со изведба на пешачки патеки со бекатон-плочки околу Олимпискиот базен затоа што повеќе години овој дел од Центар изгледаше запуштено и неуредено и при поинтензивен дожд пристапите се полнеа со вода, со што движењето на граѓаните беше отежнато. Со бекатон-плочки се поплочува и улицата Никола Тримпаре во населбата Буњаковец, која исто така при пороен дожд го отежнуваше сообраќајот за возилата и пешаците.
Со изградбата на пешачките патеки Општина Центар продолжува да ја подобрува состојбата на постојните патеки, како и да изведува нови пешачки патеки на своја територија, кои ќе придонесат за нејзин развој и разубавување, информираат од Општината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.

