Скопје
Станицата Пролет и шалтерите за издавање готови документи во МРТВ и Беко ќе работат и в сабота

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека пунктот за промена на личните документи без закажување во Полициската станица Пролет во Скопје ќе работи и на 16.12.2023 (сабота) од 8 до 16 часот.
Граѓаните што сакаат да направат промена на личните документи во овој пункт тоа може да го направат без претходно закажување. Исто така, в сабота (16.12.2023) ќе работат и шалтерите за издавање готови документи во објектите во МРТВ (од 8 до 20 часот) и Беко (од 8 до 16 часот), известуваат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 12.00 до 14.00 часот, корисниците од улицата Свети Наум Охридски, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затврач (шибер) Ф 80мм. на булевар Партизански Одреди бб. позади СЈО со прекинато водоснабдување ќе биде дел од булеварот Партизански Одреди позади СЈО во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.
Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)