Скопје
Анкета Рејтинг: Мнозинството граѓани на Центар задоволни од Жерновски
Мнозинството граѓани на Центар се задоволни од работата на градоначалникот Андреј Жерновски, покажува најновата анкета на агенцијата Рејтинг.
На прашањето „Дали Вашето мислење за градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, е позитивно или негативно?“, 69,4% одговориле дека е позитивно,26,4% дека е негативно, а 4,2% биле без одговор. Според резултатите, 82% од неопределинете гласачи имаат позитивно мислење за градоначалникот.
Дури 33%, или точно една третина од гласачите на ВМРО-ДПМНЕ, имаат позитивно мислење за градоначалникот Жерновски.
На прашањето „Дали сте задоволни од работата на градоначалникот Андреј Жерновски?“, 57% од испитаниците одговориле дека се задоволни, 35,6% одговориле дека не се задоволни додека 7,4% од акетираните не дале одговор на ова прашање.
На прашањето кое гласаше: „Дали доколку утре се одржуваат локални избори, градоначалникот Андреј Жерновски заслужува реизбор или не?, 56%од анкетираните одговориле дека заслужува реизбор, 30% рекле дека не заслужува, додека 14% се неопределени, односно немаат мислење.
На прашањето „Со оценка од 1 (Слабо) до 5 (Одлично), како го оценувате проектот на општината Центар за субвенционирање на велосипеди за граѓаните?„ високи 68% од анкетираните проектот го оцениле со оцена 5 и уште 13,3% со оцена 4. Само 4,3% од граѓаните проектот го оцениле со оцена 1 или 2.
Проектот Боемска Улица, 53,7% од испитаниците го оцениле со оцена 5 или 4, а само 8,5% го оцели со оцена 1 или 2. 11,9% го оцениле со оцена 3, додека 25,9% од граѓаните рекле дека не се доволно запознаени со проектот за да дадат оцена.
Истражувањето за потребите на општина Центар беше извршено минатиот викенд (4-ти и 5-ти октомври 2014-та) и го реализираше агенцијата „Рејтинг“ на репрезентативен примерок од 850 испитаници жители и гласачи на општината. Податоците се собираа по пат на телефонско интервју, а стандардната статистичка грешка во рамките на општиот примерок изнесува +/- 3,3%. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски
Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало и „Владимир Полежиновски“ бр. 7, во близина на ТЦ Буњаковец.
На првата локација, во близина на гимназијата „Раде Јовчевски – Корчагин“, со асистенција на Министерството за внатрешни работи, се иселени бездомните лица, затекнати во руинираниот објект, по што започна расчистување на сметот во и околу куќата, извести Општината.

Интервенцијата е извршена по пријава и барање на жителите од околните згради, поради страв од пожари, кражби и загрозување на безбедноста и здравјето.
На втората локација во Буњаковец, поради присуство на малолетни бездомни лица, во акцијата е вклучена и социјалната служба. По завршување на постапката, ќе се пристапи кон целосно расчистување на просторот кој е претворен во мини депонија.

Ова не е првпат инспекциските служби на општина Центар да интервенираат на овие локации по барање на жителите. И покрај претходните интервенции, бездомни лица повторно се вселуваат во напуштени објекти, користејќи го фактот дека станува збор за куќи со нерешени имотно правни односи. Иако сопствениците се контактирани, поради недостиг на соодветна реакција, Општината е принудена постојано да интервенира со цел заштита на јавната безбедност, велат од Центар.
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски посочи дека ваквите објкети во кои се собираат бездомници и се создаваат диви депонии, не се само лоша слика за централното градско подрачје, туку и реална опасност за околината.

„Ги повикувам сопствениците да бидат одговорни, а граѓаните навремено да пријавуваат, за да можеме навреме и ефикасно да реагираме“, порача Герасимовски.
Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00-15:00 часот дел од улицата Тиквешка, улицата Нов Живот, улицата Индира Гранди, улицата Брсјачка Буна, улицата Овчеполска, улицата Пелагонија, улицата Демирхисарска, улицата Злетовска, улицата Слан Дол, улицата Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради уличен дефект на водоводна цевка Ф 80мм. на булеварот Илинден бб. во кругот на Ј.П.Парови и Зеленило Скопје, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на булеварот Илнден од крстоницата со улицата Франклин Рузвелт до крстосницата со булеварот 8ми-Септември, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00часот до завршување на работните активности.

