Скопје
Австрија приведе 22 мигранти на граница со Словенија
Австриската полиција соопшти во втроник, дека на граница со Словенија приведе 22 мигранти кои биле прокриумчарени со камион од Србија.
Австриската полиција соопшти во втроник, дека на граница со Словенија приведе 22 мигранти кои биле прокриумчарени со камион од Србија.
Се наведува дека приведените се од Бангладеш, Сирија, Турција и Пакистан, на возраст од 16 до 26 години, како и дека прокриумчарени се со камион од Србија за што платиле меѓу 500 и 1.500 евра.
Полицијата додава дека од Словенија ќе се побара да ја прифати назад групата мигранти.
Повеќе илјади мигранти секојдневно ја користеше ткн. балканска рута пред да биде затворена./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар и Сарај в понеделник без вода
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека зафатот кој беше најавен за денеска поради одредени технички пречки се одложува за понеделник.
Поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.

