Скопје
Децата без родители до 18 години ќе можат бесплатно да користат јавен превоз
Децата до 18 години без родители и родителска грижа ќе можат бесплатно да ги користат услугите на Јавното сообраќајно претпријатие во Скопје.
Ваквата информација доаѓа од Град Скопје од каде додаваат дека со цел подобрување на условите за живот на лицата од оваа категорија на возраст до 27 години од први август ќе им биде овозможено издавање на месечни билити по намалени цени до 50 отсто за користење на јавен превоз во Скопје како и на билетите за користење на жичницата на Водно.
Заинтересираните лица за да го остварат ова право потребно е да приложат барање за издавање месечен претплатен билет, една фотографија, потврда, издадена и заверена од соодветната јавна установа Меѓуопштински центар за социјална работа или од домовите каде што биле згрижени и лична карта на барателот.
Доколку пак лицата од оваа категорија граѓани сакаат да купат билет за користење на жичницата на Водно лицата треба да приложат потврда издадена и заверена од соодветниот Меѓуопштински центар за социјална работа или од домовите каде што биле згрижени и лична карта на барателот или приложување на месечниот билет за јавен превоз.
Сите заинтересирани, потребните документи треба да ги поднесат во продажното место на ЈСП-Скопје во Автокоманда на булеварот „,Александар Македонски бр.10“, од каде што ќе можат и да го подигнат билетот./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Казни за четири градилишта во Центар, нулта толеранција за прекршување на прописите, порача Герасимовски
Четири градилишта во општина Центар се казнети поради незаконско зафаќање јавни површини со градежен шут и материјал што претставува опасност за движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот, извести Општината.
Во рамки на редовните инспекциски контроли, општинските инспектори изготвија записници и издадоа прекршочни налози за градилишта на улиците „Златко Шнајдер“, „9 Мај“, „Дебарца“ и „Васил Стефановски“, информираат од општина Центар.

Паричните санкции за овие прекршоци изнесуваат од 1.300 до 1.800 евра.
Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека надзорите продолжуваат со несмален интензитет.
„Редовно ја следиме состојбата на сите активни градилишта во Општина Центар. Нулта толеранција ќе има за сите што ги прекршуваат законите и го нарушуваат јавниот простор“, рече Герасимовски.

Инспекциските контроли на градилиштата продолжуваат како континуирана мерка за одржување на чист и функционален урбан простор, додаваат од општина Центар.
Македонија
Ѓорѓиевски: Работевме посветено, секој ден, секоја ноќ, она што го постигнавме е само почеток
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска ќе го презентира отчетот за сработеното во првите 100 дена од преземањето на функцијата.
„Отчетноста и транспарентноста се должност кон граѓаните. Токму затоа, по првите 100 дена од мандатот, излегуваме пред вас со јасен и отворен приказ на сработеното. Во изминатиот период работевме многу. Работевме посветено. Секој ден. Секоја ноќ. Она што го постигнавме е само почеток“, напиша градоначалникот на социјалните мрежи.
„Го поставивме темелот врз кој ќе ја градиме иднината на Скопје како модерен, просперитетен и достоинствен град, по мерка на граѓаните. Ова не е само мој успех.
Ова е успех на сите скопјани кои веруваа дека Скопје мора и може поинаку. Ова е доказ дека кога се работи со срце, со визија а не од личен интерес, резултатите не изостануваат. И да, пред нас има уште многу работа. Ќе има и предизвици. Но ние не се откажуваме! Ќе продолжиме да работиме уште посилно, уште поодлучно“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.

