Скопје
Доделени наградите за најдобра фотографија со мотиви од Скопје
Првото и третото место на конкурсот за избор на најдобра фотографија со мотиви од Скопје ги освои Зоран Ефремов, додека втор е Ламбро Патче, информираат градските власти.
На конкурсот пристигнаа вкупно 53 пријави, а четиричлената комисија од Град Скопје, по долготрајно и студиозно разгледување на пристигнатите фотографии избра три кои во целост ги задоволуваа критериумите назначени во конкурсот.
Пристигнатите фотографии содржеа најразлични мотиви од секојдневието и животот во нашиот град, но повеќето од нив отсликуваа моменти од централното градско подрачје и тоа: Старата скопска чаршија, плоштадот „Македонија“ и градбите од проектот „Скопје 2014“ коишто се најживописни за фотографирање и се во фокусот на авторите на фотографии кои аплицираа на Конкурсот.
Според пропозициите, мотивите на фотографиите требаше да се од Скопје, да се достават фотографии со различни мотиви од главниот град, по избор на доставувачот на фотографиите. По желба на доставувачот, можеше да се доставуваат и дневни и ноќни фотографии. Фотографиите не требаше да бидат постари од пет години.
На Конкурсот можеше да учествуваат професионалци и аматери, односно сите оние кои го сакаат фотографирањето да учествуваат со фотографии од своите приватни колекции. Пристигнатите фотографии се разгледуваа под шифра, за да се овозможи објективност при оценувањето. Се оценуваа фотографии снимени во било која од општините кои се на територијата на градот Скопје. Комисијата оценуваше фотографии снимени во било кој временски период на едно деноноќие и фотографии снимени во било која сезона од годината. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Казни за четири градилишта во Центар, нулта толеранција за прекршување на прописите, порача Герасимовски
Четири градилишта во општина Центар се казнети поради незаконско зафаќање јавни површини со градежен шут и материјал што претставува опасност за движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот, извести Општината.
Во рамки на редовните инспекциски контроли, општинските инспектори изготвија записници и издадоа прекршочни налози за градилишта на улиците „Златко Шнајдер“, „9 Мај“, „Дебарца“ и „Васил Стефановски“, информираат од општина Центар.

Паричните санкции за овие прекршоци изнесуваат од 1.300 до 1.800 евра.
Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека надзорите продолжуваат со несмален интензитет.
„Редовно ја следиме состојбата на сите активни градилишта во Општина Центар. Нулта толеранција ќе има за сите што ги прекршуваат законите и го нарушуваат јавниот простор“, рече Герасимовски.

Инспекциските контроли на градилиштата продолжуваат како континуирана мерка за одржување на чист и функционален урбан простор, додаваат од општина Центар.

