Скопје
Доделени првите сертификати за такси возачи во Скопје
Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, во вторникот им ги додели сертификатите за авто-такси возачи на кандидатите коишто ја завршија обуката и го положија испитот за добивање Сертификат за авто-такси возач во Град Скопје.
„Официјално им ги доделуваме првите сертификати за авто-такси возачи на кандидатите коишто ја завршија обуката и го положија испитот за добивање Сертификат за авто-такси возач во Град Скопје пред комисија составена од 5 членови, од кои 3 членови се овластени правни лица од Град Скопје и 2 членови се од такси компании. До денеска ја завршиле обуката и го положиле испитот 12 кандидати, коишто за да ја посетуваат обуката и да го полагаат испитот платиле вкупно 3 500 денари“, истакна Трајановски.
Тој изрази надеж дека со добивањето на овие сертификати кандидатите ќе можат полесно да се вработат во такси компании, ќе се воведе поголем ред во такси превозот, ќе се зголеми безбедноста на патниците коишто користат такси услуги, ќе се зголеми квалитетот на услугите и ќе се елиминира нелојалната конкуренција во такси превозот.
Градоначалникот официјлно им ги врачи сертификатите на првите пет кандидати коишто го положиле испитот, односно на Горан Спировски, Халили Ќамуран, Игор Поповски, Горан Гарески и на Александар Нешов и им пожела успех во понатамошната работа во такси превозот.
Од името на добитниците на Сертификат за авто-такси возач се заблагодари Горан Гарески кој, исто така, смета дека со полагањата за добивање Сертификат за авто-такси возачи ќе се подобри квалитетот на услугите, како и евиденцијата на такси превозниците. Тој потенцираше дека посетувањето на обуката нему и на сите други кандидати коишто ќе добијат сертификат ќе им помогне многу поквалитетно да ја извршуваат својата работа. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

