Скопје
Елка од пластични шишиња по трет пат ќе се прави во Скопје
Елка од пластични шишиња и други рециклирачки материјали ќе се прави во недела (28 декември) во Паркот на франкофонијата во Скопје, на иницијатива на твитер заедницата.
На настанот секоја година, освен твитерџиите, присуствуваат и сите граѓани кои сакаат да помогнат со елката.
„Започнавме со оваа акција со цел да ја подигнеме свеста за рециклирање на отпадот во Македонија“, вели Маја Марковска, еден од волонтерите во оваа акција.
„Сметаме дека употребата на пластиката и неселектирањето на истата при фрлањето укажува дека е потребно повеќе да се работи на овој проблем кој има големо влијание на животната средина“, додава Маја.
Организаторите се надеваат дека, како и минатите години, оваа акција ќе биде уште еден поттик самите граѓани да преземат поголема одговорност за чистотата на околината во која живееме, особено имајќи го предвид фактот дека живееме во енормно загадени средини. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

