Скопје
Избрани најубаво украсените објекти во Општина Гази Баба

Општина Гази Баба и оваа година избираше најубаво новогодишно декориран двор, балкон, деловен објект, училиште и градинка.
Општина Гази Баба и оваа година избираше најубаво новогодишно декориран двор, балкон, деловен објект, училиште и градинка.
Комисија составена од администрацијата ги посетија сите пријавени, од кои се избраа најубавите и најуспешни декорации за кои Општината обезбеди награди, кои беа додели од градоначалникот Тони Трајковски.
Награди добија:
Најубаво украсена тераса – Глигор Маџевски од Автокоманда
Најубаво украсен двор – Христина Камчевска од Камник, н. Ченто
Најубаво украсен стопански субјект – ОПРЕМА ГРАДИНГ
Најубаво украсено основно училиште – „Крум Тошев“ – Трубарево
Најубаво украсен објект од градинката „Детска Радост“ е „Темјанушка“
Најубаво украсен објект од градинката „25 МАЈ“ e „Синоличка“.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1523, објектите на фирмите Пастор, Орнамакс и други во нивна близина, корисниците од бул. Борис Трајковски од бр. 77 до бр. 85, како и корисниците лоцирани помеѓу објектите на фирмите Циле Инжињеринг и Интеграф. (општина Кисела Вода)
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок Ф 80мм. на Јосиф Јосифовски-Свештарот 34 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Јосиф Јосифовски-Свештарот, дел од населбата Пролет, П.С.Пролет и Амбулантата на МВР.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Питу Гули од бр. 4 до бр. 20. (општина Центар)
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од село Стајковци. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од ул. Рокомија. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улиците Ибе Паликуќа и Воин Драшковиќ. (општина Ѓорче Петров)