Скопје
ЈСП со скратени и редуцирани линии во поплавените подрачја
Поради оштетен коловоз од обилни врнежи од дожд и непроодност на патот, повеќе линии на ЈСП Скопје ќе бидат скратени или редуцирани.
Промените се однесуваат на следниве линии:– линија 65В ќе сообраќа до семафори кај пазар „Ченто“;– линија 65 од с.Раштак нема да сообраќа;– минибус на релација Раштак – Црешево – Виниче-Смилковци нема да сообраќа;– линија 65б од с. Смилковци нема да сообраќа;– линија 65а од с. Страчинци нема да сообраќа;– линија 55а од с. Брњарци нема да сообраќа– линија 55 за Арачиново, Орланци и Грушино ќе сообраќа до семафори кај пазар „Ченто“Скратувањето и редукцијата на наведените линии ќе важат до поправките и санирањето на овие патни правци и воспоставување на редовен сообраќај. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар и Сарај в понеделник без вода
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека зафатот кој беше најавен за денеска поради одредени технички пречки се одложува за понеделник.
Поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.

