Скопје
Кафулето „Deja vu“, најубаво украсен објект во Скопје
Куќата на Богољуб Симовски во населбата Ѓорче Петров, терасата на семејството Игњатовски на улица „Жданец“, број 16 А, кафулето „Deja vu“ во Аеродром и дворот на училишато „Владо Тасевски“, се прогласени за најубаво новогодишно укрaсени објекти во Скопје.
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, им ги врачи признанијата на годинешните добитници на наградите во четирите категории од манифестација „Новогодишни бои на Скопје 2014“.
„Во пресрет на Новогодишните и Божикните празници Градот Скопје и годинава, традиционално, ја организира познатата манифестација „Новогодишните бои на Скопје“ – манифестација со која ги поттикнуваме нашите сограѓани да ги украсат своите домови и работни простории со новогодишни декорации, да придонесат за разубавување на градот и да го дополнат празничниот амбиент“, рече Трајановски.
За да се обезбеди максимална транспарентност при изборот на најубаво новогодишно украсените објекти во градот, пријавените објекти ги посети комисија составена од претставници на медиумите и ги избра победниците.
За најубаво украсена семејна куќа, од дванаесет пријавени, е избрана куќата на Богољуб Симовски во населбата Ѓорче Петров.
Комисијата за најубаво украсена тераса, од пријавени шест, ја прогласи терасата на семејството Игњатовски на улица „Жданец“, број 16 А, во населба Жданец.
Од пријавените четири угостителски објекти, тричлената комисија, годинава за најубаво украсен објект го прогласи кафулето „Deja vu“ во Аеродром.
За најубаво украсен двор на средно училиште, во конкуренција од пет пријавени, комисијата го избра дворот на СУГС „Владо Тасевски “.
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски упати благодарност до ЕВН Македонија за повеќегодишната поддршка и учество во оваа градска манифестација и да им додели благодарница.
Игор Гиевски, од Бордот на директори на ЕВН, рече дека неговата компанија веќе четврта година учествува и ја поддржува манифестацијата „Новогодишни бои на Скопје“.
Градоначалникот Трајановски на наградените во првите три категории им додели по 10.000 денари, а ЕВН Македонија наградените во сите категории еднократно ќе ги ослободи од плаќање на сметката за потрошена електрична енергија, за декември./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

