Скопје
Карпош добива повеќе градинки
Општина Карпош и Министерството за труд и социјална политика, со заедничката акција градат нов клон на детската градинка „Пролет“, која се наоѓа во населбата Козле.
Општина Карпош и Министерството за труд и социјална политика, со заедничката акција градат нов клон на детската градинка „Пролет“, која се наоѓа во населбата Козле.
По тој повод, во вторник, градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, го посетија објектот во изградба, кој треба да го зголеми капацитетот за прием на дечињата од предшколска возраст.„Во градинката „Пролет“ во Козле која што има два клона, за упис во континуитет чекаат од 70 до 90 деца. Со отворање на овој трет клон, практично ќе ги згрижиме сите деца кои живеат на територијата на урбаните заедници „Пецо Божиновски – Кочо“ и „Кузман Јосифовски – Питу“. Локалната самоуправа ќе се погрижи за хортикултурното уредување, покрај тоа што го обезбедува на располагање и овој објект“, рече градоначалникот Јакимовски. Во исто време, општина Карпош ќе гради целосно нов објект во градинката „Мајски Цвет“ во населбата Тафталиџе 1 и 2, а ќе ја реконструира детската градинка „Орце Николов“ во населбата Карпош 4. Со завршување на овие проекти, сите урбани заедници на територија на општина Карпош ќе добијат предшколски установи.Во план е изградба на нова градинка во населбата Бардовци, која исто така е заеднички проект со Министерството за труд и социјална политика, која министерот Спасов ја посочи како успешен модел на меѓуинституционална соработка, која треба да ја практикуваат и останатите локални самоуправи./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Казни за четири градилишта во Центар, нулта толеранција за прекршување на прописите, порача Герасимовски
Четири градилишта во општина Центар се казнети поради незаконско зафаќање јавни површини со градежен шут и материјал што претставува опасност за движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот, извести Општината.
Во рамки на редовните инспекциски контроли, општинските инспектори изготвија записници и издадоа прекршочни налози за градилишта на улиците „Златко Шнајдер“, „9 Мај“, „Дебарца“ и „Васил Стефановски“, информираат од општина Центар.

Паричните санкции за овие прекршоци изнесуваат од 1.300 до 1.800 евра.
Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека надзорите продолжуваат со несмален интензитет.
„Редовно ја следиме состојбата на сите активни градилишта во Општина Центар. Нулта толеранција ќе има за сите што ги прекршуваат законите и го нарушуваат јавниот простор“, рече Герасимовски.

Инспекциските контроли на градилиштата продолжуваат како континуирана мерка за одржување на чист и функционален урбан простор, додаваат од општина Центар.
Македонија
Ѓорѓиевски: Работевме посветено, секој ден, секоја ноќ, она што го постигнавме е само почеток
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска ќе го презентира отчетот за сработеното во првите 100 дена од преземањето на функцијата.
„Отчетноста и транспарентноста се должност кон граѓаните. Токму затоа, по првите 100 дена од мандатот, излегуваме пред вас со јасен и отворен приказ на сработеното. Во изминатиот период работевме многу. Работевме посветено. Секој ден. Секоја ноќ. Она што го постигнавме е само почеток“, напиша градоначалникот на социјалните мрежи.
„Го поставивме темелот врз кој ќе ја градиме иднината на Скопје како модерен, просперитетен и достоинствен град, по мерка на граѓаните. Ова не е само мој успех.
Ова е успех на сите скопјани кои веруваа дека Скопје мора и може поинаку. Ова е доказ дека кога се работи со срце, со визија а не од личен интерес, резултатите не изостануваат. И да, пред нас има уште многу работа. Ќе има и предизвици. Но ние не се откажуваме! Ќе продолжиме да работиме уште посилно, уште поодлучно“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.

