Скопје
Коњаниците се подготвуваат за Илинденскиот марш

Деновиве покрај кејот на реката Вардар во Скопје почнаа интензивни тренинзи на коњаниците како дел од подготовките за претстојниот 36-ти коњички марш по повод 2-ри август, македонскиот национален празник Илинден.
„Илинденскиот марш 2014“, што го организира Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“, на кој ќе учествуваат коњаници од различна возраст, ќе стартува на 27-ми јули од Општина Аеродром, а ќе заврши на 2-ри август во Крушево.
Новина оваа година е тоа што на коњаниците од Скопје, ќе им се придружат коњаници од Свети Николе, од Бигорскиот манастир близу Гостивар и пешадија од Охрид.
„Општина Аеродром традиционално го поддржува коњичкиот марш веќе неколку години и ќе продолжи и натаму да ја негува традицијата, бидејќи Илинденскиот марш е најголемата и најзначајната културна манифестација во Аеродром“, велат од Општината./крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)
Македонија
Улиците во Карпош вечерва во тотален мрак

Општина Карпош во моментов е без улично осветлување поради пад на системот.
Од Општината информираа дека во моментот се работи на отстранување на проблемот и повторно подигнување на системот.
Се очекува осветлувањето да биде нормализирано во најбрзо време.
Македонија
Општина Аеродром доделува 3.500 денари за првачињата

Општина Аеродром и оваа година ќе доделува еднократна парична помош за семејствата чие дете е прваче во едно од основните училишта на територијата на општината во висина од 3.500 денари. Рокот за пријавување е од денеска, 2 јули до 30 септември 2025 година.
Потребно е до архивата на Општината да се поднесат потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2025/2026 година заверена од основно училиште од територијата на Општина Аеродром или основно училиште со ресурсен центар, фотокопија од извод од матичната книга на родените за првачето, како и на увид лична карта или патна исправа на барателот.
Образецот и изјавата за согласност за обработка на лични податоци што треба да се пополнат можат да се најдат на следниот линк:
http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari