Скопје
Корпи за отпад од домашни миленици поставени во Карпош

Општина Карпош и здружението за заштита на животните “Анима Мунди” во текот на изминатиот викенд, во рамки на утврдената соработка, на територијата на Општината поставија корпи за соодветно справување со отпад од домашни миленици.
Оваа реализација претставува дел од преземените обврски согласно потпишаниот Меморандум за соработка во делот на едукација за опасностите од злоупотреба на отровни материи во урбана средина и воедно подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.
Општина Карпош и понатаму останува посветена кон унапредување на стандардите на живеење на своите граѓани преку заштита на животната средина и природата, се вели во соопштението на општината објавено во вторникот. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 12.00 до 14.00 часот, корисниците од улицата Свети Наум Охридски, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затврач (шибер) Ф 80мм. на булевар Партизански Одреди бб. позади СЈО со прекинато водоснабдување ќе биде дел од булеварот Партизански Одреди позади СЈО во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.
Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)