Скопје
Македонски музички бендови на Пиволенд
Оваа година како и изминатите, веќе во континуитет и традиционално, Пиволенд во својата програма вклучува најмногу македонски изведувачи, бендови и диџеи.
На тој начин, Пиволенд ја дава својата поддршка на македонската музичка сцена, а големата посетеност во изминатите години е доказ дека македонската музика и те како има публика и почитувачи. На овогодинешното издание на фестивалот ќе ги слушаме: легендарните Ласт Експедишн, ултра забавните Суперхикс, жестоките Смат, Културно Уметнички Работници, раперот Тони Зен со својот бенд Флека, светскиот бренд Есма Реџепова, метал пионерите Верка, Барбарела и многу други. Од регионот гостува популарниот панк-фолк бенд Бркови – Хрватска, а програмата ќе биде збогатена со Блендед Бру од Данска, бенд кој остави огромен впечаток на овогодинешниот Баскерфест.Врвно музичко задоволство ќе приреди Лемон Бакет Оркестра од Канада, бенд од 15 луѓе, светски познат со повеќе од 500 концерти годишно. Како надополнување, следејќи го примерот од изминатата година, Пиволенд и оваа година им дава силна поддршка на младите и неафирмирани бендови од Македонија и заедно со Бла Бла ТВ (прва интернет телевизија во Македонија) го најавуваат вториот стејџ на кој ќе се претстават повеќе од 30 музичари и диџеи. Најдобрите пет ќе имаат шанса да настапуваат и на главnиот стејџ на Пиволенд, секој ден од 19 часот.Од 2-ри до 6-ти септември, за љубителите на пиво и музика, петдневен пивски рај во Скопје! Дојди! Види! Испиј! Пиволенд 2015!/крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина:
· од 06:00 – 10:00 часот, корисниците од ул. Пајак и ул. Наум Наумовски Борче. (Општина Центар)
· од 08:00 – 12:00 часот, дел од корисниците од ул.Пејо Јаворов (општина Кисела Вода)
· од 09:00-11:00 часот корисниците од улиците со бр. 406 и бр, 408 во с. Марино. (Општина Илинден)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улица со бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улиците Индира Ганди, Брсјачка Буна, Овчеполска, Пелагонија, Демирхисарска, Сландол, Хаџи Јован Шишков,Злетовска, Тиквешка и ул.Нов Живот. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање, порача Герасимовски
Комуналните инспектори и редари на општина Центар спроведуваат засилени контроли на возила кои се непрописно паркирани на јавни и зелени површини.
На секое неправилно паркирано возило ќе биде оставено известување за сторен прекршок, со предвидена казна од 50 евра во денарска противвредност, согласно Законот за комунални дејности и Одлуката за комунален ред на општина Центар.
Сторителот на прекршокот е должен веднаш да го подигне прекршочниот платен налог во Општина Центар, Сектор за инспекциски работи, барака 6А. Доколку казната се плати во рок од осум дена, сторителот плаќа половина од износот.
По истекот на рокот следува целосна наплата, односно се поведува прекршочна постапка пред надлежен суд, извести Општината.

„Редот се спроведува доследно и без исклучоци. Жителите на Центар го бараат тоа од нас. Безбедноста на пешаците и заштитата на јавните и зелените површини ни се приоритет“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.
Општина Центар ги повикува граѓаните да ги почитуваат правилата и да придонесат за подобра урбана и животна средина.
Македонија
Денеска посебен режим на сообраќај во Скопје
Денеска од страна на Сојузот на синдикати на Македонија ќе биде одржан протест пред Собрание на Македонија на улицата „11-ти Октомври“ и улицата „Даме Груев“ и доколку се појави потреба од пренасочување, сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

