Скопје
Македонски пејачи за пречек на 2015 и прв Новогодишен волшебен парк во Скопје
Македонски пејачи ќе ги забавуваат граѓаните кои Новата 2015 година ќе ја дочекаат на плоштадот Пела во центарот на Скопје. Оваа година, за првпат ќе биде организиран Новогодишен волшебен парк во паркот „Жена Борец“ од 25ти до 30ти декември.
Оваа година Градот Скопје, со финансика поддршка на Македонски телеком и Т-мобиле, најавува волшебно доживување за време на новогодишните празници и незаборавна забава за дочекот на Новата 2015 година, на плоштадот Пела.
„Годинава во центарот на градот ќе се организира првиот Новогодишен волшебен парк со поставувањето на специјално новогодишно осветлување и украсување со декоративни елементи и украси, кој ќе има повеќе содржини: Новогодишен маркет, Детско волшебно катче, Распеана елка, Новогодишни работилници со млади дизајнери, Организирана забавна програма и за прват годинава ќе се организира и Дедомразовска трка, којашто е спонзорирана од Пивара Скопје. Мислам дека за граѓаните подготвивме интересни и посакувани содржини и се надевам дека во следните години уште повеќе ќе ги збогатиме содржините на Волшебниот парк“, истакна градоначалникот Трајановски.
Волшебниот парк ќе биде поставен во паркот „Жена-борец“, којшто од 25ти до 30ти декември ќе биде отворен за посетители од 11 до 21 часот, а забавните програми ќе се одвиваат од 16:30 до 20 часот.
Оваа година новогодишниот маркет ќе им овозможи на граѓаните на Скопје на 11 дрвени куќички, коишто ќе бидат новогодишно украсени, да купат или да пробаат пелчени колачи, вина, рачно подготвена чоколада, германски вурст (колбас), топли костени, како и на пет куќарки декоративи рачно изработени новогодишни украси.
Распеаната елка е специјално изработена конструкција/платформа во форма на елка, новогодишно декорирана на која ќе настапуваат хорови коишто ќе изведуваат различен стил музика, односно новогодишни нумери, филмска музика, како и детска музика којашто ќе ја изведуваат детски хорови, а учесниците на Новогодишната работилници со млади дизајнери ќе го украсуваат паркот со цртање и декорирање џиновски лампиони, и секако организирана забавна програма којашто ќе биде со богати содржини.
Дедомразовската трка за која има подготвено 500 костими, ќе се одржи на 28ми декември во 12 часот, со старт од плоштад Филип Втори, а целта ќе биде пред Собранието.
За пречекот на 2015 година, на плоштадот Пела ќе биде поставена бина, а присутните ќе ги забавуваат Дани, Маја Панчева, Ерик и Симона, Есма, Сузана Спасовска, Наум Петревски, Мустафа Имери, Даниел Кајмаковски и Куку леле, а Новата 2015 година ќе ја дочекаат со песните на Елена Ристевска.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 04:00 до 08:00 часот, корисниците од населбите: Бутел и Север, општина Бутел, Топанско Поле и дел од Чаир, општина Чаир и Шуто Оризари и Визбегово, општина Шуто Оризари;
· од 07:30 до 15:30 часот, корисниците на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, броеви од 49 до 53, како и објектите во околината на Поликлиника – Идадија, општина Центар;
· од 08:00 до 16:00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов, подулици бр. 10, 15 и 18, општина Аеродром;
· од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од улицата Финска, општина Гази Баба;
· од 11:00 до 14:00 часот, корисниците од улицата Крагујевачка бр. 9, општина Карпош;
Македонија
Претседателот на Албанија во тридневна посета на Македонија, посебен режим на сообраќајот во Скопје
В четврток, петок и сабота, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Македонија
Вчера за првпат откако функциниора „Безбеден град“ не е регистрирано ниту едно минување на црвено светло
Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор – црвено светло. На подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 526 прекршоци, од кои 84 се сторени од возачи кои управувале возило со странски регистарски таблички, извести МВР.
За управување на возило со брзина поголема од дозволената регистрирани се 504 прекршоци и 22 за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола. Исто така, изречени се вкупно 17 мерки „забрана за управување со возило“ – сите за управување возило со поголема брзина од дозволената, од кои 13 за брзина поголема од 80 км на час во населено место и четири мерки за брзина поголема од 10 км на час сопствено ограничување на возило.
Во рамки на предвиденото дозволено отстапување во брзината на движење толерирани се 3.336 возачи, соопшти МВР.

