Скопје
МОСТ ќе го набљудува референдумот во Општина Центар
Во функција на спроведување транспарентен референдум во Општина Центар, а по покана на општината, Граѓанската асоцијација МОСТ објавува дека започнаа активностите за набљудување на процесот.
Во функција на спроведување транспарентен референдум во Општина Центар, а по покана на општината, Граѓанската асоцијација МОСТ објавува дека започнаа активностите за набљудување на процесот.
За набљудување на референдумот на 26 април ќе бидат акредитирани вкупно 100 набљудувачи, кои ќе ги покријат сите гласачки места во Општина Центар. Покрај набљудувачите на избирачките места МОСТ ќе распореди и мобилни тимови кои ќе служат како логистичка поддршка на статичните набљудувачи. Дополнително, МОСТ ја следи и работата на изборните органи.
Граѓанската асоцијација МОСТ во досегашното свое постоење, покрај сите национални и локални избори во Македонија почнувајќи од 2002 година, ги има набљудувано и двата референдуми на локално ниво – во Општина Чешиново-Облешево во 2004 година и во општина Радовиш во 2007 година, па така оваа активност претставува надоврзување на досегашните активности, со што МОСТ се надева дека ќе даде придонес кон обезбедување на повисоко ниво на транспарентност на целиот процес.
Како и на претходните изборни процеси, Граѓанската асоцијација МОСТ проектот го спроведува согласно меѓународно признатите стандарди за домашно набљудување./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски
Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало и „Владимир Полежиновски“ бр. 7, во близина на ТЦ Буњаковец.
На првата локација, во близина на гимназијата „Раде Јовчевски – Корчагин“, со асистенција на Министерството за внатрешни работи, се иселени бездомните лица, затекнати во руинираниот објект, по што започна расчистување на сметот во и околу куќата, извести Општината.

Интервенцијата е извршена по пријава и барање на жителите од околните згради, поради страв од пожари, кражби и загрозување на безбедноста и здравјето.
На втората локација во Буњаковец, поради присуство на малолетни бездомни лица, во акцијата е вклучена и социјалната служба. По завршување на постапката, ќе се пристапи кон целосно расчистување на просторот кој е претворен во мини депонија.

Ова не е првпат инспекциските служби на општина Центар да интервенираат на овие локации по барање на жителите. И покрај претходните интервенции, бездомни лица повторно се вселуваат во напуштени објекти, користејќи го фактот дека станува збор за куќи со нерешени имотно правни односи. Иако сопствениците се контактирани, поради недостиг на соодветна реакција, Општината е принудена постојано да интервенира со цел заштита на јавната безбедност, велат од Центар.
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски посочи дека ваквите објкети во кои се собираат бездомници и се создаваат диви депонии, не се само лоша слика за централното градско подрачје, туку и реална опасност за околината.

„Ги повикувам сопствениците да бидат одговорни, а граѓаните навремено да пријавуваат, за да можеме навреме и ефикасно да реагираме“, порача Герасимовски.
Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00-15:00 часот дел од улицата Тиквешка, улицата Нов Живот, улицата Индира Гранди, улицата Брсјачка Буна, улицата Овчеполска, улицата Пелагонија, улицата Демирхисарска, улицата Злетовска, улицата Слан Дол, улицата Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради уличен дефект на водоводна цевка Ф 80мм. на булеварот Илинден бб. во кругот на Ј.П.Парови и Зеленило Скопје, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на булеварот Илнден од крстоницата со улицата Франклин Рузвелт до крстосницата со булеварот 8ми-Септември, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00часот до завршување на работните активности.

