Скопје
Неколку улици во Аеродром и Гази Баба, в понеделник ќе бидат без вода

По известувањето добиено од ЈП Водовод и Канализација, РЦУК на Град Скопје ги известува граѓаните дека, в понеделник 7.ноември, без вода ќе бидат дел од жителите на Аеродорм и Гази Баба.
Поради давање на водоводен приклучок од Ф1 00 мм на Бул.Србија бр.1 во нас.Аеродром, без водоснабдување ќе останат корисниците од Бул.Србија бр.1 (општина Аеродром), ул.Перо Наков,Тинекс, објектот на Годел, Газела, Мак Оил Бензизнска Пумпа, општина Гази Баба.
Водоснабдувањето ќе биде во прекин во периодот од 9 до 14 часот. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Скопје
(Фото) Левица: Учениците во „Ѓорѓија Пулевски“ учат во подруми со влага и смрдеа

Учениците од шесто одделение во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во општина Аеродром наставата ја следат во подрумски простории со влага, непријатна миризба и без природна светлина, реагираат од партијата Левица.
Од таму посочуваат дека ваквите услови се недостоинствени за било кое училиште, а не за основци кои треба да учат во здрава средина.
„Овие услови се недостоинствени дури ни за затворски ќелии, а камо ли за деца кои треба да растат во здраво и безбедно училишно опкружување. Загрижени родители алармираат дека на некои ученици им се слошило и повраќале поради неподносливата миризба на мувла и влага“, соопштија од Левица – Аеродром.
Според нив, локалната власт ја сноси целата одговорност за понижувањето на најмладите и изложувањето на здравствен ризик.
„Дополнителен скандал е фактот што ДПМНЕ пред четири години ветија целосна реконструкција на училиштата во општината, но во изминатиот мандат не направија ништо. Наместо елементарни услови, децата се приморани да учат во простории со влага и смрдеа“, додаваат од партијата.
Левица бара итно преместување на учениците во други училници и обезбедување нормални услови за образование.
Македонија
Општина Карпош: Малите карпошани набргу ќе се вселат во нова градинка

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски и официјално „и ги предаде клучевите“ на директорката на градинката „Мајски Цвет“, од монтажната времена барака на локалната самоуправа, во која привремено околу шеесет денови ќе бидат сместени дечињата од оваа детска градинка, додека се прави новиот објект во населбата Тафталиџе 1.
– Директорката и вработените во оваа градинка ќе управуваат со овој објект, кој го адаптиравме за прием на дечињата и нивен дневен престој, додека им ја изградиме за околу два месеци новаата градинка по сите еколошки стандарди. Потоа, ќе следува изградба на нов објект на градинката „Пролет“, попозната како „Пролет – Канела“, и исто така, децата ќе бидат привремено сместени во овие општински објекти додека се гради и нивната нова градинка, нагласи првиот човек на Општината Стевчо Јакимовски.
Општинскиот татко, исто така потенцираше дека по завршување на привремениот прием на децата од градинките кои целосно ќе се градат по нови стандарди, Советот на Општина Карпош е тој што ќе одлучи за што во иднина ќе бидат ползвани овие два објекти, но според неговата визија, Јакимовски истакна дека општинската барака 1 би можела да биде дополнителен објект на градинката „Орце Николов“, која се наоѓа веднаш во непосредна близина на објектот, додека општинската барака 2, би требало да биде дел отстапен за користење на архивата на Општина Карпош, додека другиот дел да се оспособи за простории за културно – уметничкото друштво „Цветан Димов“, кое оваа година, прославува 51-годишнина од своето постоење, извести општина Карпош.
Македонија
Нови линии на улично осветление на повеќе локации во општина Илинден – рекордни 7.000 метри во текот на 2025 година

Во рамки на проектот „Илинден – Светла Општина“, општина Илинден интензивно продолжува со поставување на нови линии за улично осветлување во сите населени места низ општината.
Во месец август беа поставени нови линии за улично осветлување во вкупна должина од 1.700 метри, од кои: комлетно осветлен патниот правец Илинден – Пуста Кула во должина од 1.200 метри, крак на ул. „9“ во н.м. Кадино во должина од 70 метри, крак на ул. „1“ во н.м. Ајватовци во должина од 150 метри, крак на ул. „1“ и осветлување пред училиштето во н.м. Бунарџик во должина од 230 метри, како и крак на ул. „2“ во н.м. Мралино во должина од 50 метри, известува Општината.
„Во тек е поставување на дополнителни 2.500 метри нови линии за улично осветлување, и тоа: ул. „119“, ул. „120“ и дел од ул. „106“ во н.м. Јака во должина од околу 1.000 метри. Потоа, патот кон манастирот „Св. Ѓорѓија“ во н.м. Делјадровци во должина од околу 1.100 метри
Покрај тоа, во наредниот период ќе започне и реализацијата на нов проект за улично осветлување на патниот правец Бујковци – Мршевци, каде ќе бидат поставени нови канделабри со ЛЕД осветлување во должина од околу 400 метри. А, во наредниот период ќе се продолжи и со поставување на улично осветлување низ сите населени места во општината.
Со овие активности, како и со претходно реализираните 2.120 метри нови линии, вкупната должина на поставено улично осветлување во текот на една календарска година ќе достигне рекордни 7.000 метри, што претставува јасен доказ дека Општина Илинден останува посветена на подобрување на јавната инфраструктура, со цел создавање на побезбедна и поквалитетна средина за живеење на сите граѓани“, соопшти општина Илинден.