Скопје
Ноќна трка на улиците на Скопје

Во недела, во 16,30 часот, на плоштад „Македонија” ќе биде означен стартот на овогодинешното издание на Ноќната атлетска трка „Низ улиците на Скопје”.
Оваа спортска активност се одржува во чест на 13 Ноември, денот на ослободување на Скопје и на истата ќе присуствува градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.За време на трката ќе биде воведен привремен сообраќаен режим на улиците: „Димитрија Чуповски“, „Филип Втори“ и бул. „11 Октомври“./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
17 години стар европски бизон угина во Зоолошката градина Скопје

Зоолошката градина Скопје извести дека утрово угинал 17 години стар европски бизон.
„Со голема тага ја споделуваме веста дека нашиот европски бизон кој имаше 17 години утрово угина. Животниот век на овие животни е од 14 до 20 години.
Овој величествен и редок претставник на европската дива фауна од 2011 година беше еден од најимпресивните жители на нашата зоолошка градина.
Пред околу година и половина кај него беше дијагностицирана пневмонија, по што следеше долготраен процес на терапија и внимателно следење од страна на нашиот тим ветеринари и неговите негуватели.
Иако со многу посветеност успеавме да ја стабилизираме неговата состојба, во изминатите две недели повторно покажа знаци на слабост и отежнато дишење. Веднаш беше вклучена интензивна секојдневна антибиотска терапија одредена според антибиограм и постојан надзор, но за жал, и покрај сите наши напори, не успеавме да го спасиме“, велат од Зоолошката градина Скопје.
Македонија
Забрана за движење на територија на депонијата „Вардариште“

Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, на денешната 7-ма седница, предложи до Владата, а Влада усвои следниве заклучоци: забрана за движење на територија на депонијата „Вардариште”, како итна мерка во насока на справување со пожарот на депонијата „Вардариште“ во општина Гази Баба, а за надлежен за оваа проблематика го назначи првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, извести Министерството за животна средина и просторно планирање.
Заклучоците се донесоа по дискусијата за состојбата со пожарот на депонијата „Вардариште“ во општина Гази Баба, кои по исцрпната дискусија, членовите на Комитетот, поради зголемените ризици по животот и здравјето на граѓаните и поради загадувањето на животната средина, ги донесоа за превенција и отстранување на штетните последици од пожарите на депонијата „Вардариште“.
Овие заклучоци се во насока на заштита на животната средина и безбедноста на граѓаните, како и превентивно управување со потенцијални кризни ситуации од ваков тип.
Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи будно ја следи целата ситуација вои и околу Вардариште и ќе биде вклучена се до трајно решение на овој проблем, за што бара трпение од засегнатите граѓани, се додава во соопштението од Министерството за животна средина и просторно планирање.
Македонија
Вонреден инспекциски надзор на депонијата „Дрисла“

Во доцните попладневни часови, околу 15:15 часот, државниот Инспекторат за животна средина изврши вонреден инспекциски надзор поради пожар кој избувна на поранешната депонија за комунален отпад „Дрисла“, по пријава од Полициската станица Гази Баба.
„На лице место се врши гаснење на опожарениот дел со сопствена механизација и средства на ЈП „Дрисла“, како и со повеќе противпожарни возила и возила на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Инспекцискиот надзор го извршија овластени инспектори од СВР Скопје ЕЕКК, а присутни беа и директорот на ЈП „Дрисла“, надлежно лице за животна средина и други вработени во јавната установа“, велат од Министерството за животна средина и просторно планирање.
Во согласност со А-ИСКЗ дозволата која ја поседува ЈП „Дрисла“, е изготвен извештај испратен по е-пошта до МЖСПП и ДИЖС во врска со настанот.
Од надзорот е изготвен записник за констатирање, а ќе бидат земени и примероци од подземни води и почва од страна на акредитирана лабораторија за животна средина. ЈП „Дрисла“ достави и извештај од мониторинг станицата за квалитет на воздухот. Инспекциската постапка е во тек и се следат сите мерки за евалуација на влијанието и отстранување на последиците од пожарот, се додава во соопштението од Министерството за животна средина и просторно планирање.