Скопје
Нови урбанистички планови во функција на локалниот економски развој на Општина Илинден
Општина Илинден во понеделникот во Средното општинско стручно училиште „Илинден“, го изложи на Јавен увид Нацрт Урбанистичкиот план за село Марино, за плански период 2014-2024 година.
Општина Илинден во понеделникот во Средното општинско стручно училиште „Илинден“, го изложи на Јавен увид Нацрт Урбанистичкиот план за село Марино, за плански период 2014-2024 година.
Сите заинтересирани правни и физички лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да достават писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови што во периодот од 10:00 до 18.00 часот ќе можат да ги најдат во училиштето, но и во просториите на Општината, како и на веб страницата на Општина Илинден.
Со урбанистичкиот план чија површина на плански опфат изнесува 204,39 хектари се предвидуваат следните намени на земјиштето: домување, комерцијални и деловни објекти, јавни институции, производство, дистрибуција и сервиси, зеленило и рекреација и инфраструктура.
Во функција на локалниот економски развој, со донесувањето на овој урбанистички план се овозможува граѓаните да можат да ги прибават потребните одобренија за градење, за доградби, надградби, реконструкции на своите објекти, како и вклопување на веќе легализираните објекти. Со дооформување на градежните парцели ќе се овозможи побрз развој преку подигање на стандардот на културно-образовните, здравствени и спортски објекти, како и решавање на проблемот со узурпација на државното земјиште, регулирање на атмосферските води и отворените одводни канали.
Паралелно со ова Општина Илинден работи на подготовка на нови урбанистрички планови и за другите делови од Општината, се наведува во соопшението. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Казни за четири градилишта во Центар, нулта толеранција за прекршување на прописите, порача Герасимовски
Четири градилишта во општина Центар се казнети поради незаконско зафаќање јавни површини со градежен шут и материјал што претставува опасност за движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот, извести Општината.
Во рамки на редовните инспекциски контроли, општинските инспектори изготвија записници и издадоа прекршочни налози за градилишта на улиците „Златко Шнајдер“, „9 Мај“, „Дебарца“ и „Васил Стефановски“, информираат од општина Центар.

Паричните санкции за овие прекршоци изнесуваат од 1.300 до 1.800 евра.
Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека надзорите продолжуваат со несмален интензитет.
„Редовно ја следиме состојбата на сите активни градилишта во Општина Центар. Нулта толеранција ќе има за сите што ги прекршуваат законите и го нарушуваат јавниот простор“, рече Герасимовски.

Инспекциските контроли на градилиштата продолжуваат како континуирана мерка за одржување на чист и функционален урбан простор, додаваат од општина Центар.
Македонија
Ѓорѓиевски: Работевме посветено, секој ден, секоја ноќ, она што го постигнавме е само почеток
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска ќе го презентира отчетот за сработеното во првите 100 дена од преземањето на функцијата.
„Отчетноста и транспарентноста се должност кон граѓаните. Токму затоа, по првите 100 дена од мандатот, излегуваме пред вас со јасен и отворен приказ на сработеното. Во изминатиот период работевме многу. Работевме посветено. Секој ден. Секоја ноќ. Она што го постигнавме е само почеток“, напиша градоначалникот на социјалните мрежи.
„Го поставивме темелот врз кој ќе ја градиме иднината на Скопје како модерен, просперитетен и достоинствен град, по мерка на граѓаните. Ова не е само мој успех.
Ова е успех на сите скопјани кои веруваа дека Скопје мора и може поинаку. Ова е доказ дека кога се работи со срце, со визија а не од личен интерес, резултатите не изостануваат. И да, пред нас има уште многу работа. Ќе има и предизвици. Но ние не се откажуваме! Ќе продолжиме да работиме уште посилно, уште поодлучно“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.

