Скопје
Општина Карпош ќе добие нови спортски терени

Со изгласувањето поставување споменик на првиот космонаут Јуриј Гагарин и со одлуката за изградба на нови спортски терени во Општина Карпош, во петокот советниците на оваа скопска општина минаа уште една, повеќе да се рече, рутинска седница на Советот.
Скулптурата на Јуриј Гагарин ќе биде поставена на територија на Општина Карпош на крстосницата на улицата „Франклин Рузвелт“ и булеварот „Теодосиј Гологанов“ на аголот од паркот „Македонија“ кој се наоѓа меѓу булеварот „Теодосиј Гологанов“ и улицата којашто го носи името на советскиот астронаут. Ова спомен обележје е целосна донација на Амбасадата на Руската Федерација во Македонија.
Општина Карпош, исто така, ќе добие и нови спортски терени на површина од 80 квадратни метри на Кејот на реката Вардар. Станува збор за објект вреден околу 50 илјади евра инаку, исто така, донација од руски граѓанин, Павел Малиновски.
На денешната седница советниците од сите советнички групи ги прифатија предлог програмите на градинките во Карпош, а усвоија и повеќе легализации на објекти./крај/мф/мг
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1523, објектите на фирмите Пастор, Орнамакс и други во нивна близина, корисниците од бул. Борис Трајковски од бр. 77 до бр. 85, како и корисниците лоцирани помеѓу објектите на фирмите Циле Инжињеринг и Интеграф. (општина Кисела Вода)
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок Ф 80мм. на Јосиф Јосифовски-Свештарот 34 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Јосиф Јосифовски-Свештарот, дел од населбата Пролет, П.С.Пролет и Амбулантата на МВР.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Питу Гули од бр. 4 до бр. 20. (општина Центар)
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од село Стајковци. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од ул. Рокомија. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улиците Ибе Паликуќа и Воин Драшковиќ. (општина Ѓорче Петров)