Скопје
Отворен Новогодишниот базар „Подари среќа“ – денес трка на Дедомразовци
Традиционалната Дедомразовска трка во организација на Прв до врв, започнува во недела напладне, а стотици Дедомразовци ќе се натпреваруваат на патека долга два километра.
Портата на Новогодишниот базар „Подари среќа“ на улица Македонија се отвори во сабота.
Во утринските часови стотици граѓани уживаа во новогодишната парада со Дедо Мраз и Снежната кралица. Нивниот настап ќе продолжи во текот на целиот базар кој ќе трае до 31ви декември. Детската програма ќе биде надополнета и со настапи на Поточиња и Златно Славејче, многу детски игри, изведби на претставата на Брашко, дружби со Петко и со магичното шоу на Иван.
„Во ова магично катче на улица Македонија веќе се чувствува енергијата и топлата атмосфера која ја носат празниците. Овие 8 дена целиме кон зацврстување на новогодишниот дух. Со името „Подари среќа“ сакаме да го истакнеме мотото на новогодишниот базар, дека сите треба да си подариме среќа и радост со најблиските и пријателите. Базарот ќе продолжи со исто темпо и во наредните денови кога најмалите ќе продолжат да се забавуваат во детското катче и останатите ќе се загреваат со одлична музика во попладневните часови“, истакна Вера Бошковска, директор на Конгресен центар „Александар Македонски“.
Таа додаде дека ги покануваат сите граѓани да подарат среќа и на децата од СОС Детското село кои продаваат хуманитарни честитки на базарот и од кои средствата се донираат за подобар живот на децата без родители.
Првиот ден во попладневните часови after – work програмата ја отворија Back Door Band и Sarah Mace. Стотици граѓани ја слушаа нивната музика, се стоплија со греено вино и топла храна и уживаа во празничната атмосфера. Следните денови попладневната програма ќе ја исполнат ConTruDј, Brass Brothers, Beta House Band, Eye Que, Дамјан Пејчиновски, Тајфата на Коки, Скопски Тамбураши и Тумбао Салса Бенд, а музика ќе пуштаат Dj Brancez, Dj Dela, Dj Bobi, Dj Синиша и Dj Mats.
Посетителите на базарот ќе можат да купуваат рачно изработени предмети, плетени изработки, новогодишни украси, дрвени очила, божиќно цвеќе, козметика од природни состојки, чоколада, и многу други производи со кои ќе ја споделуваат својата среќа.
Новогодишниот базар „Подари среќа“ е под покровителство на Град Скопје и во организација на Конгресен центар „Александар Македонски“. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Финансиска поддршка за квалитетни проекти и активности“: Герасимовски упати јавен повик за граѓанските организации
Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, упати повик до сите зруженија и фондации кои дејствуваат на територијата на општина Центар да се пријават за финансиска поддршка за 2026 година.
Средствата се наменети за поддршка на локалната заедница, со фокус на развојот на микро-бизнисите, програмите и проектите за млади, социјалните услуги, родовата еднаквост, заштитата на животната средина и образованието за возрасни.
Герасимовски посочи дека невладините организации се докажани партнери на општината, промотори на позитивни вредности и нови идеи.
„Ги повикувам сите здруженија и фондации што имаат добра идеја и квалитетен проект да се пријават на јавниот повик и да ја искористат можноста за финансиска поддршка“, порача градоначалникот Герасимовски.
Рокот за поднесување пријави и документација е 10 дена од денот на објавувањето на веб-страницата на Општина Центар.
Пријавите може да се достават преку пошта на адресата Општина Центар – Скопје, улица „Михаил Цоков“ бр. 1, или во Архивата на Општина Центар (барака 6) од 9 до 15 часот.
Повеќе информации за јавниот повик на: Јавни повици | Општина Центар
Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Додека градот спие, ние сме будни, грижата за граѓаните не познава пауза
Заедно со дежурната зимска служба на Град Скопје, во текот на целата ноќ сме на терен, на улиците и булеварите под надлежност на градот, каде навремено посипуваме сол поради ниските температури, со посебен фокус на критичните точки, напиша на социјалните мрежи, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„Додека градот спие, ние сме будни, бидејќи грижата за граѓаните не познава пауза, ниту пак временски услови“, додаде тој.
Македонија
Без струја денеска дел од Бутел
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска е планиран прекин и тоа:
– во периодот од 09:00 до 10:30 часот, дел од потрошувачите на улицата Гемиџиска (првите куќи на почетокот од улицата) и деловните објекти на почетокот од ул.Ферид Бајрами каде се наоѓа предметниот објект. (општина Бутел)

