Скопје
Отворен осмиот „Пиволенд 2015“
Осмиот традиционален Гурмански викенд со пиво „Пиволенд 2015“ беше отворена во среда вечер на скопско Кале.
Во рамки на „Пиволенд 2015“ посетителите ќе имаат можност да дегустираат над 50 видови домашни и странски пива, како и да уживаат во големата понуда на македонска традиционална храна од различни ресторани.
Оваа година на гурманскиот викенд со пиво „Пиволенд 2015“, публиката ќе има можност да ужива во музиката на голем број македонски изведувачи, бендови и диџеи. На сцената ќе ги слушаме: Д.Н.О., Ласт Експедишн, Суперхикс, Смат, Културно Уметнички Работници, Тони Зен со бендот Флека, Есма Реџепова, Верка, Барбарела и многу други. Од регионот ќе гостуваат популарниот панк-фолк бенд Бркови од Хрватска, Блендед Бру од Данска, кои оставија огромен впечаток на годинешниот „Баскерфест“ и Лемон Бакет Оркестра од Канада, бенд од 15 луѓе, светски познат над 500 концерти годишно.
Влезот е бесплатен. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање, порача Герасимовски
Комуналните инспектори и редари на општина Центар спроведуваат засилени контроли на возила кои се непрописно паркирани на јавни и зелени површини.
На секое неправилно паркирано возило ќе биде оставено известување за сторен прекршок, со предвидена казна од 50 евра во денарска противвредност, согласно Законот за комунални дејности и Одлуката за комунален ред на општина Центар.
Сторителот на прекршокот е должен веднаш да го подигне прекршочниот платен налог во Општина Центар, Сектор за инспекциски работи, барака 6А. Доколку казната се плати во рок од осум дена, сторителот плаќа половина од износот.
По истекот на рокот следува целосна наплата, односно се поведува прекршочна постапка пред надлежен суд, извести Општината.

„Редот се спроведува доследно и без исклучоци. Жителите на Центар го бараат тоа од нас. Безбедноста на пешаците и заштитата на јавните и зелените површини ни се приоритет“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.
Општина Центар ги повикува граѓаните да ги почитуваат правилата и да придонесат за подобра урбана и животна средина.
Македонија
Денеска посебен режим на сообраќај во Скопје
Денеска од страна на Сојузот на синдикати на Македонија ќе биде одржан протест пред Собрание на Македонија на улицата „11-ти Октомври“ и улицата „Даме Груев“ и доколку се појави потреба од пренасочување, сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект ф-100мм на крстосницата Његошева/Софиска, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Софиска, Његошева, Бриселска, Копенхагенска, Стокхломска, Петар Драганов и Гаврил Лесновски, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.

