Скопје
Отворен првиот скејт-парк во Македонија
Првиот скејт-парк во Македонија, лоциран на кејот на реката Вардар во Скопје, во понеделник беше пуштен во употреба. Паркот е опремен со девет справи и може да се користи секој ден од 10 до 24 часот, а Град Скопје ќе ангажира инструктори кои ќе им даваат совети на сите заинтересирани.
На официјалното отворање на првиот скејт-парк во Скопје и во Македонија, присуствуваа Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и премиерот, Никола Груевски.
„Површината за скејт-паркот е со димензии 15 на 50 метри, на која се поставени девет справи односно елементи со рампа на асфалтна подлога изработена според бараните карактеристики за овој вид спортови, а уредено е и место за одмор и собирање“, информираше Трајановски.
Премиерот Никола Груевски истакна дека идејата за изградба на скејт-парк во Скопје е предложена во рамките на Денот на идеи во Владата во 2012 година.
Скејт-паркот ќе може да се користи од 10 до 24 часот, од март до декември. Градот Скопје ќе ангажира и инструктори кои покрај тоа што ќе се грижат за редот и безбедноста во скејт-паркот, на сите заинтересирани ќе им бидат на располагање за совети, обука и едукација за возење на скејтборд, ролери и БМХ велосипеди на ова урбано место во Скопје.
Трајановски информираше дека од буџетот на Град Скопје се издвоени 12 милиони денари за изградба на паркот.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Герасимовски: Наградата „Феникс“ е силна порака дека Центар ги вреднува знаењето, талентот и истрајноста
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ја додели највисоката општинска награда „Феникс“ за постигнувања во науката, уметноста, културата, спортот, воспитувањето и образованието за 2025 година.

Герасимовски потенцираше дека Општината и Советот ќе продолжат да ги поттикнуваат и вреднуваат трудот и успехот на своите жители.

„Наградата е признание за посветеноста и талентот на нашите сограѓани, кои ја афирмираат Општина Центар на домашната и меѓународната сцена. Особено ме радува фактот што добитниците се млади центарци, кои допрва ќе го градат својот живот и кариера“, нагласи Герасимовски, честитајќи им на наградените.
Тој им посака да продолжат со усовршување во науката, на спортските терени и во уметноста.

Добитници на „Феникс“ се:
Софија Пиштолова, ученичка во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ – модерни танци
Марко Татули, ученик во СУГД „Методија Митевски Брицо“ – боречки спортови
Кристијан Јанев, ученик во СУГД „Орце Николов“ – тенис
Тамара Танеска, ученичка во ООУ „Кочо Рацин“ – природни науки
Виктор Вранишкоски, ученик во ООУ „Коле Неделковски“ – пливање
Томи Тодоровски, ученик во ООУ „Киро Глигоров“ – триатлон
Наградените добија дипломи и паричен износ од 30.000 денари.

Признанието „Феникс“ го носи името на митолошката птица феникс, симбол на Општина Центар, кој ја претставува истрајноста, обновата и успехот.
Македонија
Денеска посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавен протест
Денеска со почеток во 17:00 часот во организација на Сојуз на синдикатите на Македонија (ССМ) ќе се одржи протест со почеток на траса на движење од пред зградата на ССМ на улицата „Мирче Ацев“, лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“, десно по улицата „11-ти Октомври“, право по улицата „Димитрие Чуповски“, десно по улицата „Васил Главинов“, право по булеварот „ВМРО“, лево по булеварот „Илинден“ до пред Владата.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по горенаведените сообраќајници во град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се движат учесниците.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во период од 08.30 до 15.00 часот корисниците, од Ул.Чаирска (општина Чаир)
· во период од 09.00 до 12.00 часот корисниците,од Горно Соње Ул.7 и Ул.9 (општина Сопиште)

