Скопје
Отворена јавна дебата „Користење на велосипедот како рекреативно и превозно средство“ на Град Скопје
Велосипедистите во Скопје од четврток може да испраќаат коментари, предлози и идеи директно до Градот Скопје кои што надлежните ќе ги земат предвид во креирање на политиките за подобрување на условите за сите граѓани кои го користат велосипедот како рекреативно и превозно средство.
Град Скопје отвори јавна дебата на тема „Користење на велосипедот како рекреативно и превозно средство во Скопје“ и ги повикува граѓаните да остават коментари за тоа каква е состојбата со велосипедските патеки на булеварите и на магистралните улици кои се во негова надлежност, потоа дали се задоволни од нивната сегашна состојба, дали на некои од овие патеки има одредени препреки (паркирани автомобили, лошо поставени билборди и инсталации…), како и да дадат идеи и предлози на оваа тема.
Дополнително, граѓаните можат да оставаат коментари и мислења и за процесот на изнајмување на велосипеди кој е организиран од страна на Град Скопје, дали истиот ги исполнува очекувањата и дава позитивни резултати, дали има доволен број на пунктови за изнајмување на велосипеди, каде треба да се отворат дополнителни пунктови и слично.
Сите заинтересирани можат да учествуваат преку оставање коментари на интерактивната мапа на следната интернет врска – https://fupol-6.cellent.at/fupol-client/editableOpinions/3326901
Граѓаните можат да учествуваат и преку пополнувањето на прашалникот којшто е достапен на следната интернет врска – https://fupol-6.cellent.at/fupol-client/questionnaires/3327101?22
Дополнително, сите коментари можат да бидат дадени на сите официјални профили на Град Скопје на социјалните мрежи Facebook( www.facebook.com/pages/Град-Скопје-Оифицјален-профил/201845923194961), Twitter (https://twitter.com/gradskopje1), како и на официјалниот блог профил на проектот ФУПОЛ во Скопје (http://fupolskopje.blogspot.com).
Сите добиени коментари, мислења и ставови ќе бидат систематизирани и обработени и истите ќе бидат вклучени во процесот на креирањето политики на Градот Скопје.
Дебатата е отворена како дел од проектот „Интелигентни алатки за креирање политики“ – ФУПОЛ финансиран од Европската Унија, во рамките на ФП7 Програмата и има за цел да овозможи целосно нов пристап кон водење на традиционалните политики користејќи ги социјалните мрежи и анкетни листови.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Казни за четири градилишта во Центар, нулта толеранција за прекршување на прописите, порача Герасимовски
Четири градилишта во општина Центар се казнети поради незаконско зафаќање јавни површини со градежен шут и материјал што претставува опасност за движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот, извести Општината.
Во рамки на редовните инспекциски контроли, општинските инспектори изготвија записници и издадоа прекршочни налози за градилишта на улиците „Златко Шнајдер“, „9 Мај“, „Дебарца“ и „Васил Стефановски“, информираат од општина Центар.

Паричните санкции за овие прекршоци изнесуваат од 1.300 до 1.800 евра.
Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека надзорите продолжуваат со несмален интензитет.
„Редовно ја следиме состојбата на сите активни градилишта во Општина Центар. Нулта толеранција ќе има за сите што ги прекршуваат законите и го нарушуваат јавниот простор“, рече Герасимовски.

Инспекциските контроли на градилиштата продолжуваат како континуирана мерка за одржување на чист и функционален урбан простор, додаваат од општина Центар.
Македонија
Ѓорѓиевски: Работевме посветено, секој ден, секоја ноќ, она што го постигнавме е само почеток
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска ќе го презентира отчетот за сработеното во првите 100 дена од преземањето на функцијата.
„Отчетноста и транспарентноста се должност кон граѓаните. Токму затоа, по првите 100 дена од мандатот, излегуваме пред вас со јасен и отворен приказ на сработеното. Во изминатиот период работевме многу. Работевме посветено. Секој ден. Секоја ноќ. Она што го постигнавме е само почеток“, напиша градоначалникот на социјалните мрежи.
„Го поставивме темелот врз кој ќе ја градиме иднината на Скопје како модерен, просперитетен и достоинствен град, по мерка на граѓаните. Ова не е само мој успех.
Ова е успех на сите скопјани кои веруваа дека Скопје мора и може поинаку. Ова е доказ дека кога се работи со срце, со визија а не од личен интерес, резултатите не изостануваат. И да, пред нас има уште многу работа. Ќе има и предизвици. Но ние не се откажуваме! Ќе продолжиме да работиме уште посилно, уште поодлучно“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.

