Скопје
Почна новогодишното украсување на Скопје
Град Скопје традиционално како и секоја година започнма со новогодишното украсување на метрополата за новогодишните и божикните празници.
Декорирањето и украсувањето, кое е во тек, ќе ги опфати следниве простори: Плоштадот „Македонија“ до плоштадот „Пела“, како и на плоштадот „Филип Втори“, пред црквата „Св. Димитрија“.Покрај плоштадот, во поширокиот реон на централното градско јадро ќе бидат украсени и следниве улици: Булевар „Илинден“ до раскрсницата со ул. „Френклин Рузвелт“; просторот пред Владата на Република Македонија; улицата „Даме Груев“; Булевар „Партизански одреди“ до раскрсницата со булевар „8 Септември“ и платото пред Универзална сала; улица „Димитрие Чуповски“; улица „11 Октомври“; улица „ВМРО“; улица „Филип Втори Македонски“, на потегот од раскрсницата кај Специјалнатa болница за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ до раскрсницата кај Т.Ц. „Мавровка“; просторот пред Судската палата и булевар „Гоце Делчев“ од Т.Ц. „Мавровка“ до Влада на Република Македонија; Старата чаршија пред националната галерија „Чифте амам“; украсување на Паркот „Жена борец“; украсување на просторот пред црквата „Св. Богородица“; украсување на улица „Македонија“; и Булевар „Климент Охридски“ од Влада на РМ до зградата на „Нова Македонија“. Традиционално ќе биде поставена централна новогодишна елка , висока 18 метри, со светлосни и други украсни елементи. Декорирањето треба да заврши на 15.12.2014 година, додека раскрасувањето ќе биде од 15.01.до 18.01.2015 година. Новогодишните декорации ќе ги постави група на изведувачи фирмите “Линк Медиа” од Скопје и “Лутарико Дооел-Скопје”, за што Градот Скопје ќе издвои 10.400.000 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Казни за четири градилишта во Центар, нулта толеранција за прекршување на прописите, порача Герасимовски
Четири градилишта во општина Центар се казнети поради незаконско зафаќање јавни површини со градежен шут и материјал што претставува опасност за движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот, извести Општината.
Во рамки на редовните инспекциски контроли, општинските инспектори изготвија записници и издадоа прекршочни налози за градилишта на улиците „Златко Шнајдер“, „9 Мај“, „Дебарца“ и „Васил Стефановски“, информираат од општина Центар.

Паричните санкции за овие прекршоци изнесуваат од 1.300 до 1.800 евра.
Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека надзорите продолжуваат со несмален интензитет.
„Редовно ја следиме состојбата на сите активни градилишта во Општина Центар. Нулта толеранција ќе има за сите што ги прекршуваат законите и го нарушуваат јавниот простор“, рече Герасимовски.

Инспекциските контроли на градилиштата продолжуваат како континуирана мерка за одржување на чист и функционален урбан простор, додаваат од општина Центар.
Македонија
Ѓорѓиевски: Работевме посветено, секој ден, секоја ноќ, она што го постигнавме е само почеток
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска ќе го презентира отчетот за сработеното во првите 100 дена од преземањето на функцијата.
„Отчетноста и транспарентноста се должност кон граѓаните. Токму затоа, по првите 100 дена од мандатот, излегуваме пред вас со јасен и отворен приказ на сработеното. Во изминатиот период работевме многу. Работевме посветено. Секој ден. Секоја ноќ. Она што го постигнавме е само почеток“, напиша градоначалникот на социјалните мрежи.
„Го поставивме темелот врз кој ќе ја градиме иднината на Скопје како модерен, просперитетен и достоинствен град, по мерка на граѓаните. Ова не е само мој успех.
Ова е успех на сите скопјани кои веруваа дека Скопје мора и може поинаку. Ова е доказ дека кога се работи со срце, со визија а не од личен интерес, резултатите не изостануваат. И да, пред нас има уште многу работа. Ќе има и предизвици. Но ние не се откажуваме! Ќе продолжиме да работиме уште посилно, уште поодлучно“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.

